Ретко кој ќе поверува дека песната „ Земи момче македонче“ за прв пат беше изведена пред точо 50 години на Скопскиот фестивал на забавна музика.
Песната ја изведе Зафир Хаџиманов и ја освои првата награда на публиката. Музика за оваа песна ја напиша познатиот композитор Александар Кораќ а текстот Зафир Хаџиманов.Токму во тој период тој беше на отслужување на воениот рок во тогашната ЈНА и на сцената на Универзалната сала во Скопје се појави во војничка униформа со која се најде и на омотот на сингл плочата со оваа песна.
Овој тандем, Кораќ- Хаџиманов започна со соработка една година порано на фестивалот во Опатија кога со шансоната „Беше мај“постигнаа извореден успех.Нивната соработка продолжи и во 1971 година повторно на Скопскиот фестивал со песната „ Панаѓур“.
Ова беа првите обиди на Хаџиманов како текстописец кое во наредниот период ќе биде една од неговите преокупации покрај интерпретаторската, актерската и компзиторската работа .Тој е автор на шест стихозбирки и книги со куси раскази и добитник на неколку книжевни награди меѓу кои и награда на Струшките вечери на пезија. Тој имаше и успешни актерски настапи во неколку играни филмови , успешни настапи на театарски сцени како и успешни настапи и освоени награди на скоро сите познати фестивали на забавна музика во бившите Југословенски простори. Освен тоа тој долги години е почесен амбасадор на културата на Македонија во Србија.
Дедо ми бил на печалба,
на печалба во туѓина.
Се мачел многу години
по белосветски градо’и.
Едвај жив дома пристигнал,
со баба ми се оженил.
Го прашав: “Зар не се најде
на цел свет мома поарна?”
А, тој вели:
Земи моме македонче,
па да видиш што е рај,
кај да скиташ, кај да одиш,
земи мома од наш крај!…
Потсетување на овој голем хит од пред половина век во изведба на Зафир Хаџиманов.
Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк