Во една тешка и тмурна година секоја дружба со најблиските , секој ден исполнет со работни обврски со кои се решаваа проблеми на поединци или група граѓани за мене беше искра на надеж за подобро утре.
Секој миг поминат во прегратка на две мали рачиња и поглед исполнет со љубов и милина на две сини очиња како поточиња беше благослов кој му го посакувам на секој човек. За вакви моменти вреди да се живее, вреди да се бориме со тешкотиите низ кои поминавме во годината што изминува. Овие моменти не прават силни, исправени пред предизвиците и полни со надеж дека доаѓаат подобри денови. И ни ја кажуваат најголемата вистина, СЕМЕЈСТВОТО е столбот на нашето постоење.
Публицитет.мк