Жбогар вели оти негов впечаток е дека партиите се подготвуваат за изборите.
Партиите се обврзаа да му дадат поддршка на Специјалното јавно овбинителство, тоа е најдобрата алатка за да се истражи одговорноста којашто произлегува од прислушуваните разговори- изјави европскиот амбасадор Жбогар. Вели оти негов впечаток е дека партиите се подготвуваат за изборите.
„Формирањето на СЈО е клучната работа која произлегува од Пржинскиот договор. Политичките партии во многу наврати се имаат обврзано да дадат поддршка на СЈО. Ние ги охрабруваме партиите да ја почитуваат оваа нивна заложба, и во иднина да ја имплементираат со поддршка кон СЈО. Исто така, имам постојани дискусии со четворицата лидери во врска со прашањето за изборите и за прашањето поврзано со СЈО и мојот впечаток е дека сите се подготвуваат за оддржување на изборите“, смета Жбогар.
Извор: www.mrt.com.mk