Во интервјуто за МТВ, прво за македонски медиум откако пред две недели стапи на функцијата, евроамбасадорот Самуел Жбогар вели дека изборите ќе бидат прв чекор кон решавање на политичката криза во земјава…
Новиот евроамбасадор во Македонија се надева земјава да опстои на евроинтегративниот пат. Во интервјуто за МТВ, прво за македонски медиум откако пред две недели стапи на функцијата, Самуел Жбогар вели дека изборите ќе бидат прв чекор кон решавање на политичката криза во земјава.
„Изборите се предуслов идната влада и сите политички лидери да почнат да работат на владеењето на правото, да продолжат со поддршка на СЈО, да продолжат со исполнување на ЕУ агендата. Тие се предуслов за сите заедно да се фокусираме на овие прашања. Она што мислам дека би требало исто така да биде фокус на идната влада по изборите е обнова на националното единство. Мислам дека поларизацијата која ја гледаме периодов навистина не помага ниту на државата, ниту на народот“, изјави евроамбасадорот Жбогар.
Интервјуто со евроамбасадорот Жбогар може да го погледнете на следниот ЛИНК
Извор: www.mrt.com.mk