Има неколку интересни причини за потсетувањето на романтичната комедија „Жената во црвено“ од 1984 година.Една од нив е дека тоа е еден од многуте филмови кои содржеле музичка нумера која станала вистински хит и која по својата популарност дури и ја надминала онаа која ја доживеа филмот. Тоа е еден од многуте филмови кои преставуваат американски римејк на некој успешен филм од француската кинематографија а една од причините е и роденденот на актерката Кели Леброк (родена на 24.март.1960) на која ова и е дебитантска улога.
Филмот е во режија на Џин Вајдлер кој ја толкува и главната улога во филмот. Вајдлер е автор и на сценариото кое е прилагодено врз оригиналната приказна на Ив Робер напишана за францускиот филм „Слонот може да биде измамен“ („Помилување за мојата афера“) .
Главните улоги во филмот покрај Вајлдер ги толкуваат уште и Чарлс Гродин, Гилда Раднер, Жозефин Болоња, Џудит Ајви и Кели Леброк на која ова и е дебитантска улога по успешната кариера како манекенка.
Филмот ја раскажува приказната заТеодор Пирс ,маж во средни години кој има успешна работа , мирен семеен живот, сопруга Диди која го сака, деца, прекрасни пријатели…
Со еден збор , може да се рече дека тој има се ‘ што сака. Но еден ден тој ќе здогледа една прекрасна жена во црвен фустан и спобудалува.Неговиот живот се менува во целост а негова единствена цел е како да ја освои а за тоа да не дознае неговата сопруга. Во тоа сесрдно му помагаат неговите пријатели а му одмага г-ѓа Милнер, негова колешка од работа која по погрешниот повик по телефон, кој не е наменет за неа , ќе биде одушевена од интересот на Теодор .
Теодор на крајот сепак ја запознава Шарлот и тие завршуваат во нејзиниот кревет со црвен сатен. Но среде таа идила на вратата се појавува нејзиниот сопруг , пилот, а Теодор обидувајќи се да избега, завршува на симсот од зградата.Случаните минувачи одкако ќе го здогледаат , ќе помислат дека во прашање е самоубиство, доаѓаат пожарникарите, телевизијата врши директен пренос од настанот а неговата сопруга Диди гледајќи го преносот плаче мислејќи дека Теодор сака да се самоубие заради разочараност од животот. А Теодор додека скока од зградата во душекот за спасување ја здогледува долу убавата новинарка која му се насмевнува.
Филмот остана запаметен и поради песната „Само што те повикав да ти кажам дека те сакам“во интерпретација на Стиви Вондер кој е автор и на музиката за филмот. Инаку, песната ја освои наградата Оскар во категоријата најдобра оригинална песна.Таа беше една од најпопуларните песни во 1984 година во светски рамки.
Буџетот на филмот изнесувал 9 милиони американски долари а неговата заработка достигнала 25,3 милиони долари со што стнал најуспешниот филм на Џин Вајдлер.
Има неколку инересни нешта кои се сврзани со филмот.Една од нив вели дека улогата за ликот на Шарлот и била понудена на Мелани Грифит но таа ја одбила и прифатила улога во друг филм.
Сцената со фустанот на Шарлот кој се вее од подземната вентилација е искористена од сличната сцена од еден друг филм од 1955 година. Се работи за филмот „Седум години верност“ каде фустанот на Мерилин Монро исто така се вее додека таа стои на вентилацијата од подземната железница. Разликата е во бојата на фустанот . Оној на Мерилин е бел а на Кели Леброк е црвен.Фустанот беше искористен во рекламниот материјали за филмот (филмските плакат и постери).
Станбената зграда во која живее Шарлот , на улицата 1000 Мејсон, Норт Бич, Сан Франциско, Калифорнија, каде Теодор излегува на симсот од прозорецот, е истата станбена зграда што е искористена и во филмот „Вртоглавица“ на Алфред Хичкок од 1958 година . Тоа е зградата во која живее Медлин (Ким Новак) , а Скот (Џејмс Стјуарт) ја следи од почетокот на филмот.
Филмот , како што споменавме, преставува римејк на францускиот филм „Слонот може да биде измамен“ („Помилување за мојата афера“ на режисерот Ив Робер од 1965 година .
Во францускиот филм главната улога ја толкува познатиот француски актер Жан Рошефо (како Етијен)а ликот на Шарлот ( истото име и во овој филм)го игра Ани Дупери.
Филмот доживеа голем успех во Франција заработувајќи околу 22 милиони долари. По големиот успех на филмот во 1977 година беше снимено и продолжение на филмот со истата екипа.
Ова не е единствениот филм на режисерот Ив Робер кој добил американска верзија.
Во 1972 година тој според свое сценарио кое го напиша заедно со својот колега Франсис Вебер, ја создаде комедијата „Големиот русокос со еден црн чевел“ во кој главната улога ја толкува неговиот омилен актер Пјер Ришар. Филмот во 1985 година стана римејк на филмот „Човекот со една црвена обувка“ во кој главната улога ја толкува идната голема ѕвезда,Том Хенкс.
Во 1984 година Ив Робер повторно со Пјер Ришар во главната улога го снима филмот „Близнаци“ кој во 1995 станува римејк на мошне успешната холивудска комедија „Две премногу“ со Антонио Бандерас и Мелани Грифит во главните улоги.
Успехот на кино благајните на овие филмови покрена лавина на ново холивудски филмови кои преставуваа римејк на успешни француски комедии . Најпознат француски сценарист и режисер кој некои од своите успешни филмови повторно ги режираше во Америка со американски актери , е Франсис Вебер.Дури неколку негови филмови доживеаја нова изведба во Холивуд.Еве некои од нив:
„Болка во задникот“од 1973 година со Лино Вентура и Жак Брел во главните улоги , во 1981 година доби американска верзија „Бади Бади“ со Џек Лемон и Волтер Матау.
„Кафез за птици“од 1978 година со Уго Тоњаци и Мишел Серо во главните улоги , во 1996 година како римејк со истиот наслов беше реализиран со Роберт Вилијамс и Нејтан Лејн во главните улоги.
Во 1983 година Пјер Ришар и Жерар Депардје беа партнери во филмот „Како татковци“за кој сценариото и режијата ги потпиша повторно Франсис Вебер.Во 1997 година американците снимија римејк и од овој филм и го именуваа како „ Денот на татковците“ . Во него ,сигурно се сеќавате, настапија Робин Вилијамс и Били Кристал.
Триото Франсис Вебер (сценарио и режија ) Пјер Ришар и Жерар Депардје (актери) , во 1986 година повторно соработуваат, овојпат на комедијата „Бегалци“. Само три години подоцна Вебер оди во Холивуд и го снима повторно овој филм но со американски актери . Филмот добива наслов „Тројцата бегалци“ а во него настапуваат Ник Нолте и Мартин Шорт.
Најголемиот успех Франсис Вебер го доживеа со филмот „Вечера на идиоти“ од 1998 година кој беше најгледаниот филм во Франција во 1998 година (9 милиони гледачи) а стана добитник и на пет национални филмски награди „Цезар“.Во филмот главните улоги ги толкуваат Тиери Лермит и Жак Вилере.
Американците и од овој филм во 2010 направија римејк . Насловот на филмот е „Вечера за Шмакс“а главните улоги ги толкуваа Стив Карел и Пол Рад.
Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк