Синоќа во хотел „Нова Ривиера“ женскиот центар „Бисера“ ја одржа 21-та манифестација „Торитијада“
Учесниците се натпреваруваа во 2 категории: и слаткари професионалци и слаткари аматери во која се натпреваруваа оние кои имаат дарба за изработка на торти, но тоа го работат непрофесионално, туку со љубов и посветеност. Покровител на годинашната манифестација беше Мирјана Тодороска коа за оваа пригода специјално допатува од Швајцарија.
Изборот н наградените торти го изврши стручно жири составено од надворешни членови и тоа: Проф. д-р Гордана Речкоска, Проф. д-р Ангела Крстаноска -Василеска и дипл. менаџер Наташа Спасеска – Цветкоска.
Жирито вршеше оценка на торитите според нивниот состав, аранжирање и декорација. Посебен акцент беше ставен на составот на тортите. Одлуката беше донесена едногласно.
Во првата категорија слаткари – професионалци:
Прво место доби торта „Мала шмизла“ од слаткарница „Анабела“.
Втора награда за „Свето писмо“ од слаткарница Теодина и
Трето место за тортата „Чизкејк“ дело на слаткарницата за смути и здрави слатки „Фрутибокс“.
Во втората категорија слаткари – аматери:
Прво место осови тортата „Замок“ од Валентина Адамова.
Второ место тортата „Новогодишна идила“ од Македонка Дервушоска и
трето место и припадна на тортата „Кочија“ од Катарина Љубичиќ
За избраните торти учесничките беа наградени со соодветни парични награди од покровителката на тортијадата Мирјана Тодороска.
На Тортијадата одржана синоќа во хотел „Нова Ривиера“ во организација на женскиот центар „Бисера“ меѓу останатите гости присуствуваа група советнички од Советот на општина Охрид кои хуманитарно ја помогнаа оваа активност. На гостите им се обрати и претседателката на Совет на општина Охрид, Живка Ангелоска која ја пофали досегашната работа на ЖЦ „Бисера“ и ги охрабри за уште поголеми успеси и активности во иднина.
Тортијадата беше посетена од голем број на граѓани од Охрид, претставници од локалната самоуправа, невладини организации, медиуми, јавен сектор, бизнис сектор и голем број жени.
Присутните ги забавуваше група Стил а најсреќните добија награди од богатата лотарија која беше организиран со голем број на донации и спонзорства.
ЖЦ Бисера и натаму ќе организираманифестации кои имаат хуманитарен карактер.
Публицитет.мк