Такаречи точно пред 44 години британската група „ Смоки“ го објави синглот на чија „А “ страна се најде композицијата „ Живеејќи до вратата на Алис“која стана голем светски хит. Се случи тоа на 12. август. 1976 година.
Интересно е да се спомене дека ,песната која е дело на Ники Чин и Мајк Чепмен, најпрвин била испеана од австралиското трио „ Нов свет“ четири години порано, односно во 1972 година.Но, тогаш песната не доживеала некој позначаен успех. Се искачила до 35 место на австралиската топ листа на најслушани песни.
Песната говори за невозратената љубов на едно момче од девојката Алис која 24 години живее во неговото непосредно сосетсво. Тој еден ден ќе види автомобил кој е паркиран во домот на Алис. Дознавајќи од нивната заедничка пријателка Сали дека таа ќе си замине, тој започнува да размислува за детството и неговото пријателство со Алис и не може да се помири со тоа дека Алис си заминува.
И додека го набљудува заминувањето на автомобилот во кој се наоѓа Алис, момчето чувствува тага заради нејзиното заминување без објаснување и тој тагува заради тоа што никогаш во тие 24 години не ја искористил можноста да ги изрази своите чувста кон неа.
По издавањето на синглот , песната мошне брзо се искачила на петтото место на листата на најслушани синглови во Велика Британија.Во март 1977 година синглот се искачува на 25 место во САД. Во истовреме песната станува хит број еден во Австрија, Германија, Ирска, Холандија, Норвешка и Швајцарија а во Автралија се искачува на второто место останувајќи на топ листите цели 23 недели.
Песната доживе голем број на други изведба но и голем број на препеви на повеќе јазици (јужнокорејски, фински, норвешки, германски , чешки, унгарски и руски). Еден од нив направи и српскиот интерпретатор Тони Монтано односно Велибор Миљковиќ. Тој песната ја препеа во 1991 година а нејзиниот наслов е „10 години“.
Ве потсетуваме на изведбата на групата „ Смоки“ од 1976 година.
Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк