
Вчера се одржа 11. седница на Советот на Општина Охрид. Тежината на суштината и содржината на дискусијата не ја прават дрските и арогантни излагања, туку издржаноста во зборот и пред се’ вистината кажана за граѓаните! Граѓаните имаат право да ја знаат целата вистина, бидејќи токму нивните избраници полемизираат за граѓанските работи, проблеми и секојдневие, се вели во објавата на СДСМ – Охрид на социјалн ите мрежи и се додава: Зборувајќи за општинскиот буџет, координаторката на советничката група на СДСМ и коалицијата, Живка Ангелоска, детално, прецизно и описно ја изложи вистината за општинскиот буџет притоа напоменувајќи дека минатогодишниот буџет беше високопроектиран со повеќе од 80 милиони денари за разлика од овогодинешниот буџет. Советничката Ангелоска истакна:
“Анализирајќи ги извештаите за првиот квартал по програми евидентно е дека процентот на реализација е различен, мал број на програми со реализација од 20%, најчесто реализацијата на програмите е околу 10%, но за жал и програми со реализација 0%. Би ги истакнала како успешни програмата за изградба на системи за водоснабдување и програмата за системи за одведување и прочистување на отпадни води со реализација од 33, односно 26%. Спротивно од нив имаме реализација од 0 % во програмите за енергетска ефикасност, капитални инвестиции во програмата за детска заштита и средно образование , одржување и заштита на улици и патишта 0%, изградба и реконструкција на патишта и улици со скромни 0, 83%.
И покрај тоа што формиравме комисија за урбанизам и утврдивте месечен паушал за нејзините надворешни членови во износ од по 14 000 денари со образложение дека на овој начин ќе се интензивира процесот на донесување урбанистички планови имаме реализација од само 2,43%. Програмата за поддршка и развој на туризмот бележи реализација од само 8%.Со оглед на тоа што предвидени се активности за поттикнување и развој на туризмот би требело тие активности да бидат во напредна фаза за да можат да придонесат за побогата туристичка сезона.
Зборувам за адреналинскиот парк и памп трак полигонот, односно кружната патека за велосипеди за кои сте образложиле дека се’уште не сте добиле одобрение за поставување урбана опрема. Ќе го спомнам и градскиот систем за велосипеди од програмата за ЛЕР за кого сте го подготвувале тендерот. Со ваква динамика на работите се поставува прашање дали би можеле воопшто да очекуваме реализација на овие проекти во календарската година.
Програмата за други комунални услуги освен средства за чистење на дивите депонии ни денар за одржување и чистење на речни корита, а се’ уште се подготвувал тендерот за мобилни тоалети.
Збирно реализацијата на основниот буџет изнесува 17% од вкупно планираните средства. Најголем удел во реализираните 17% имаат средствата дадени од општината за јавни огласи – финансирање и субвенционирање на проекти на невладини организиции, трансфери кон спортски клубови и јавните претпријатија , а НАЈМАЛ УДЕЛ имаат проектите и активностите планирани во буџетот за оваа година. За реализација на проектите што сте ги планирале во оваа година вашето објаснување е дека се прават пресметки, се анализира состојбата, се ажурира состојбата или се подготвува техничка документација. Ако се движат вака работите, а времето брзо поминува, тогаш е многу неостварлив оној процент од 95 % кој го поставивте како главна цел. Јавно се обврзавте дека секое остварување под овој процент нема да го гласате. Како што се движат работите ќе мора ние како опозиција со нашите гласови да ви помогнеме да си ја усвоите реализација на сопствениот Буџет, рече Живка Ангелоска, координаторката на советничката група на СДСМ во Советот на општина Охрид .
Извор: СДСМ – Охрид







