Пионерите на РК „Охрид“ својата супериороност освен во Македонија веќе ја покажуваат и на меѓунаронди натпревари. Тие викендов во Лесковац, Србија го освоија златниот медал во силна конкуренција а за најдобар играч на турнирот беше прогласен Марко Ангелоски член на охридскиот тим.
Српскиот ракометен клуб Метеор од Лесковац го организира масовниот младински турнир по 13-ти пат ,,Метеор 2018″.
Марко Ангелоски – РК Охрид
Учествуваа 30 клубови со над 500 талентирани ракометари, од генерациите 2002/2003, 2004/2005 и генерацијата 2007/2008 и 2009/2010 година и помлади.
Публицитет.мк