• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 22, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

„Златна петорка“ – филмот за ликвидираните струмички студенти премиерно во Охрид

октомври 17, 2016
in Култура

Македонскиот игран филм „Златна петорка“ по домашната премиера во Скопје и светската во Лондон, во петок ќе ја има и својата премиера пред охридските гледачи.

Во филмската приказна нè водат протагонисти кои речиси цел живот бегаат од апсурдните гревови на минатото. Сè додека еден преживеан сведок не отпрета некои нови траги кои наведуваат на досието од 1951 при што е ликвидирана група студенти од Струмица.

Сценариото за овој македонски филм е работено по прозни и драмски мотиви на Братислав Ташковски, а него го потпишуваат: Елеонора Венинова и косценаристите – покојната Билјана Гарванлиева и Горан Тренчовски. Продуцент е Дејан Милошевски, директор на фотографија е Апостол Трпески, монтажери се: Андрија Зафрановиќ и Аристид Филактов, сценограф е Кирил Спасески, костимограф Нела Тодоровска, шминка Ирена Сенокозлиоска, музиката е на Дарко Спасовски и Горан Керкез.
Во дејствието од филмот главен мотив е апсурдниот настан од 1951 година кога свирепо се ликвидирани петмина прогресивни студенти од Струмица. Филмската сторија претставува всушност фикција за една насилно прекината и за една започната љубов, меѓу коишто лебдат копнежот и предавството. Речиси половина век подоцна, преживеаниот Алавантие се враќа во родната земја, отпретувајќи некои нови траги од досието кое УДБА го водела со кодните имиња на студентите.

zlato

Во филмот улогите ги толкуваат актерите Славко Штимац, Јана Стојановска, Љупка Џундева, Игор Ангелов, Петар Арсовски, Васил Михаил, Ненад Милосављевиќ, Билјана Таневски, Дине Дрваров, Стојан Велков, Александар Ристоски, Влатко Илиевски, Григор Јовановски, Игор Тодоров, Виктор Јакимовски и др.

Филмот „Златна петорка“ е во продукција на „Револушн“ од Скопје, а е финансиран од Агенцијата за филм на РМ.

Својата интернационална промоција филмот „Златна петорка“ ја имаше во познатото кино „Вју“ на Пикадили сиркус во центарот на Лондон, на 29 септември.

Инаку, „Златна петорка“ имаше македонска проекција на 17 септември на свеченото затворање на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола.

Охриѓани филмот ќе може да го погледнат во Центарот за култура „Григор Прличев“, во петок 21.10.2016 година, со почеток од 20 часот. Кино проекции и во наредните денови сабота 22.10.2016 и недела 23.10.2016 година.

Публицитет.мк

Посетеност: 134
Share
Previous Post

СДСМ – Охрид: По изборите ќе следи целосна ревизија на работењето во охридските градинки

Next Post

Во Охрид во тек е фестивалот на новиот германски филм

Next Post

Во Охрид во тек е фестивалот на новиот германски филм

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 134

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk