• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Знамето на Куба се вее во Вашингтон по 54 години

јули 20, 2015
in Актуелно

Кубанското знаме било кренато денес пред зградата на амбасадата на Куба во Вашингтон, со што симболично бил означен новиот почеток во дипломатските односи меѓу двете земји.

Министерот за надворешни работи на Куба Бруно Родригез присуствувал на церемонијата која била одржана неколку часа откако повторно биле воспоставени целосните дипломатски односи меѓу САД и Куба.

Претходно денес кубанското знаме било поставено и во холот на Стејт департментот, меѓу знамињата на Хрватска и Кипар, и ова е првпат кубанското знаме да биде изложено таму, бидејќи таму знамињата биле првпат поставени на 5 јануари 1961, два дена откако САД ги прекинале дипломатските односи со Куба.

Претставништваат на САД и Куба во Хавана и Вашингтон, кои од 70-тите години биле замена за амбасади, денес на своите профили на Твитер ги промениле називите во амбасади.


Иако дипломатските односи меѓу двете се обновени по повеќе од 50 години, сепак остануваат спорни прашања меѓу двете земји – заемната побарувачка за економски репарации, инсистирањето ан Хавана на ставање крај на економското ембарго воведено пред 53 години и нарањето на САД Куба да ја унапреди состојбата на човековите права и демократијата.

Неколку истакнати републикански претседателски кандидати на Републиканската партија порачаа дека ќе ги поништат промените во политиката на САД кон Куба кои ги одобри претседателот Барак Обама.

САД да го симнат ембаргото и да ѝ го вратат Гвантанамо на Куба

Кубанскиот министер Родригез денес изјавил дек историското обновување на американско-кубанските односи ќе има смисла само ако САД го укинат сеопфатното трговско ембарго и ѝ ја вратат на Куба американската морнаричка база Гвантанамо.

„Историскиот настан на кој сме сведоци денес ќе има смисла само со отстранување на економските, комерцијалните и финансиските блокади кои му предизвикуваат толку многу штета на нашиот народ, како и со враќање на окупираната територија во Гвантанамо и почитување на суверенитетот на Куба“, кажал Родригез во амбасадата на Куба во Вашингтон.

Извор: МКД. мк 

Посетеност: 153
Share
Previous Post

Почнува спроведувањето на договорот од Пржино

Next Post

Во Лерин заврши конференцијата за Македонците, Панмакедоники не успеа да го попречи научниот собир

Next Post

Во Лерин заврши конференцијата за Македонците, Панмакедоники не успеа да го попречи научниот собир

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 153

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk