За оваа состојба би ми било повеќе простор и време за да се прикаже вистинската состојба на медиумскиот простор во Македонија , аналогно и пошироко на Балканот Потребно е да се истакне како кај нас и пошироко неповолната состојба на медиумските работници како пример – новинарите, вклучувајќи ги тука и лошите услови за работа, стравот за личната безбедност поради природата на работата, како и политичките и економските притисоци кои резултираат со цензура и самоцензура. Во таква средина, непрофесионално новинарство доаѓа до израз, а загрозен е и медиумскиот плурализам.
Проблемите со кои се соочуваат новинарите главно доаѓаат од владејачките и главните политички партии кои покажаа недостаток на политичка волја за подобрување на состојбата со слободата на медиумите. Исто така, пробелмм е неказнивоста на нападите врз новинарите останува најголем проблем во регионот.
Морам да напоменам дека тоа се последици од недостатокот на правна и социјална средина за да можат новинарите професионално да работат и да се грижат за јавниот интерес кој е навремено и квалитетно информирана јавност.
Оваа состојба е уште поалармантна кога се работи за медиуми кои работат за некоја од некоја национална заедница, или во конкретниот случај за мултинационалниот карактер на ТВ БТР -Национал и СП БТР Продукција.
И на крај добро е тоа што денеска сме тука сите заедно , благодарение на Медијската Алијанса „Еден Појас – Еден Пат„ и водено соработката помеѓу македонските медиуми и продуценти со кинеските медиуми и продуценти на полето на заедничка соработка во реализација на проекти од областа на културата, традицијата, природните убавини од двете земји. Истото може да има и размена на материјали како што се снимени серијали од областа на музиката, забавата и културните богатства од двете земји.
Таа подразбира и воедна соработка во организација на разни работилници, семинари и обуки на нови перспективни млади филм мејкери