• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, јуни 29, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Зошто богатите арапски земји не прифаќаат бегалци?

септември 7, 2015
in Тикер

Деновиве на социјалните мрежи постојано се врти прашањето кои се причините што сириските бегалци не се решаваат да заминат во некоја богата арапска земја.

Во време на слики на очајни сиријци кои го ризикуваат нивниот живот за да стигнат во Европа, социјалните мрежи се преплавени со прашањето зошто тие не бегаат во поблиските и побогати земји во Персискиот залив. Одговорот, како што пишува Чарлс Рекнагел, можеби лежи во тоа што тие земји се плашат дека бегалците ќе ја сменат нивната демографска слика.

На Твитер се води вистински форум на кој на арапски јазик се изразува гневот на арапите поради тоа што во земјите од Персискиот залив нема ниту еден бегалец за разлика од на пример Германија која прифаќа илјадници луѓе кои бегаат од војните и мизеријата во нивните држави.

„Срамно е тоа што тие бегаат до Ветената земја и се дават во морињата кога ние сме им поблиску од Западот“, се наведува во една порака со слика на удавен бегалец.

На социјалните мрежи расте и бројот на апелите за заедничка акција за прифаќање на бегалците во арапските земји.

„Не се срамете да ја поддржите ваквата акција. Вашиот глас е силен, токму тука“, пишува во една порака.

И во Европа, корисниците на социјалните медиуми бараат акција од арапските држави.

Постои страхување дека доколку почнат да прифаќаат политички азиланти тоа би можело да ја отвори вратата за нивен постојан престој таму.
Џејн Кининмонт, Четам хаус

„Како избегавме од регионот на нашите муслимански браќа кои треба да преземат поголема одговорност од земјата што тие ја оценуваат за неверничка“, се наведува во пораката на Фејсбук на заедницата на Сиријците во Данска.

Повеќето од 4 милиони луѓе кои побегнаа од конфликтот во Сирија се наоѓаат во соседните, Турција, Јордан и Либан, сметени во преполни бегалски кампови.

Илјадници од нив годинава, привлечени од можностите во Европа се решија да побараат азил или бегалски статус.

Но, и покрај тоа што социјалните мрежи се полни со повици до арапските земји сепак мали се шансите тие да им понудат добредојде на бегалците.

Причината е тоа што тие имаат аверзија спрема бегалците, без оглед од каде доаѓаат.

„Има некои сиријци во Катар но тие таму се со привремени визи“, вели Џејн Кининмонт, експерт за Блискиот исток и Северна Африка во Четам хаус од Лондон.

Таа наведува дека земјите од Персискиот залив, за разлика од оние на Западот, не се потписнички на меѓународните конвенции за бегалци.

Ваквата нивна позиција е мотивирана од присуството на многу мигранти, најчесто од Пакистан кои работат таму.

„Постои страхување дека доколку почнат да прифаќаат политички азиланти тоа би можело да ја отвори вратата за нивен постојан престој таму“, вели Џејн Кининмонт.

Во повеќето арапски земји во Персискиот залив, бројот на работници мигранти е поголем од популацијата на земјите домаќини, освен во Саудиска Арабија и Оман каде што е скоро изедначен.

Иако тие страхуваат од бегалците, сепак тие се големи донатори. Кувајт на пример е еден од најголемите донатори за згрижување на бегалците. Пред него се Соединетите држави, Британија и Германија.

Извор: Радио Слободна Европа

Посетеност: 101
Share
Previous Post

Ќе никне мост помеѓу Кина и Русија

Next Post

Филмот „Три во едно“ премиерата ќе ја има во Охрид

Next Post

Филмот „Три во едно“ премиерата ќе ја има во Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 101

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk