• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, јули 11, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

Зошто московјаните му се радуваат на снегот кога ќе го покрие нивниот град?

февруари 13, 2018
in Омнубус
Зошто московјаните му се радуваат на снегот кога ќе го покрие нивниот град?

Без снег за Нова година и Божик, како и без силни мразеви во Москва, жителите особено му се израдуваа на првиот обилен снег.

Московјаните често сакаат да се жалат: премногу сообраќај, високи цени, преполн центар, жешко лето или премногу дожд (лете). И, сигурно, зимата е нешто поради што половина од нацијата паѓа во депресија.

Она што изненадува оваа сезона е дека првиот обилен снег падна во  Москва дури при крајот на јануари. За време на викендот на 20-21 јануари градските улици конечно станаа бели, и иако е тешко за верување – на нерасположените московјани всушност тоа им се допадна!

„Ова е зимата што ја сакам“, беше од најпопуларните наслови на „Инстаграм“ додека луѓето објавуваа фотографии со снег – играње со снежни топки, возење санки и секакви други активности во снегот.

Досегашниот рекорд оваа зима беше 20 сантиметри високи снежни наноси, што е доволно дури и најмрзеливите да излезат од дома и да си ги протегнат нозете надвор. Додека возачите на автомобили продолжуваат да се жалат – еден човек не можеше да си го пронајде автомобилот прекриен со снег – други го поминаа викендот следејќи ги машините за чистење на снег кои се движеа по градските улици. Овие возачи на јавните комунални служби веројатно беа среќни што конечно можеа да имаат вистинска зимска работа.

Да прошетаме низ белата Москва од бајките, што ќе ве натера да ја засакате зимата и снегот колку што Русите ги сакаат (во умерени дози).

Михаил Мецел/TASS

Што е подобро од возење на санка со еден коњ? Можете да уживате во такво нешто без да го напуштите градот – во паркот Коломенское.

Вјачеслав Прокофјев/TASS

Најголемото лизгалиште во Европа, сместено во паркот од советско време ВДНХ, беше преполно.

Михаил Терешченко/TASS

Како и сите локални паркови.         

Нина Зотина/Sputnik

Правење Снешко е она што секое дете во Русија учи да го прави уште од раѓање.

Виталиј Белоусов/Sputnik

А кога сте тинејџер, задолжително е да направите снежен замок!

Владимир Астапкович/Sputnik

Додека повеќето Руси не ги сакаат часовите по зимски спорт на училиште (затоа што мораат да одат надвор со скии), некои кога ќе пораснат тоа го прават доброволно.

Андреј Никеричев/Moskva Agency

Можеше да се вози сноуборд насекаде. Патем, дали знаете дека Москва ја нарекуваат „град на седум ридови“, исто како Рим?

Андреј Љубимов

Без коментар. Руси се лизгаат со руски автомобили.

Адреј Љубимов/Moskva Agency

Секое ритче или навев во дворот веднаш станува популарно лизгалиште.

Андреј Љубимов/Moskva Agency

Во советско време ако немавте соодветна ледјанка (сината направа што ја вози момчето) или санка, лесно можевте да го употребите вашиот ранец или парче картон.

TASS

Велосипедите не се нешто што често се гледа на руските улици во зима. Но, некои луѓе имаа снежно маунтин бајк искуство.  

Додека московјаните уживаат во „пријатните“ температури од -10 Целзиусови степени, погледнете како сибирските девојки ја покажуваат својата замрзната шминка на -47 Целзиусови надвор.

Извор: mk.rbth.com

Посетеност: 82
Share
Previous Post

Ердоган – Заев: Поддршка за добрососедските политики и за решавање на спорот со Грција

Next Post

Ем фудбал, ем пиво, ем забава во АКВАРИУС – Охрид

Next Post
Ем фудбал, ем пиво, ем забава во АКВАРИУС – Охрид

Ем фудбал, ем пиво, ем забава во АКВАРИУС - Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 82

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk