По повод одбележувањето на Денот на независноста на Македонија во Куќата на Робевци НУ ЗАВОД И МУЗЕЈ – ОХРИД на 8 Септемви 2024 година се одржа свечено отворање на ИЗЛОЖБА – СРЕБРОРЕЗ, 33 ХРИСТОТ ЖИВОТОТ ЗА СПАС НА ЧОВЕШТВОТО од истакнатиот Охридски уметник Боро Митрески – Минта.
Изложени се 33 негови дела под знакот на годините што ги живеел Исус Христос. На отворањето се прочита рецензијата од Ефтим Клетников, македонски поет, книжевен и ликовен критичар, есеист и преведувач:

„Боро Митрески е необична и богата личност… Оваа негова изложба сега му е посветена на среброто од кое Боро Митрески – Минта создал 33 прекрасни минијатурни експонати од семејството накит, фасцинантни микроуметнички дела создадени не само со една вешта рака, туку и од една префинета уметничка душа…

Она што импресионира посебно на филигранските микроеспонати на Боро Минта е нивната фасцинантна рачна изработка, која изгледа речиси невозможна. Невозможното да се длаби со глетото на таков микропростор и да се создаде сребрен микробарокен вез. Лорка велеше дека поетот за да го перципира совршено светот треба во едно око да има микроскоп, а во другото телескоп. А кај Боро Минта и во двете очи има микроскоп, оти така може да го оствари својот филигрански сребрен миркопроект… Нивната естетика е естетика на душата, И тоа кажува сè“

Јас лично би додал: Од вистинските Мајстори остануваат Дела, од останатите, остануваат само празни зборови. Боро Митрески – Минта со своите дела докажува дека е човек со добра душа што е знак на бесмртност.

Да ни е среќна и вечна сувереноста, независноста и самостојноста на Македонија и македонскиот народ.
Пишува

Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ од Охрид
Публицитет.мк








