• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, мај 9, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

АКАДЕМИК Д-Р МИЛЕ Д. МИЌУНОВИЌ: ПОУКИ И ПОРАКИ (10 – 12)

април 26, 2025
in Аргументи за
АКАДЕМИК Д-Р МИЛЕ Д. МИЌУНОВИЌ: ПОУКИ И ПОРАКИ (10 – 12)

Цел живот се даваат поуки и пораки, и тоа: во семејството, во фамилијата, во средината, во образовниот систем, во односот на државата кон своите граѓани, односно во сите пори на животот и во сите делови на светот.

Со цел да дадам најдобри насоки во животот, ќе изнесам бројни куси текстови и поучни нарации во духот на правилата за добро однесување (бонтон), но на своевиден начин. Сметам дека оваа серија, на недела дена по три поуки и пораки, ќе е корисно четиво за секој читател, значаен прилог за воспитување на добро однесување на секого.

10. ПОМИРУВАЈТЕ СЕ СО НЕКОИ ОБВИНЕНИЈА

Една народна поговорка данска гласи:

„Многу луѓе се како часовници – покажуваат едно време, а отчукуваат – друго“.

Гете воскликнува: „Повеќе ја сакам штетната вистина отколку корисната заблуда. Само вистината ја лекува болката што, можеби, самата ја создала“.

Од овие совети, во поширока смисла гледано, може да се заклучи дека за дел од луѓето се добиваат: неосновани навреди, лажни обвиненија, злобни кажувања, штетни однесувања.

Ќе добиете некои обвинувања надвор од логиката, па за извесен број бидете подготвени.

11. ОДЕТЕ ВО МУЗЕЈ, НА ИЗЛОЖБА

Предвидувањата дека во музејот, на изложбата или на некоја друга манифестација, ќе ви биде здодевно ќе ги разбиете, ако отидете на овие збиднувања под областа на културата во најширока смисла.

Културните вредности се за уживање. Затоа во исто време ги гледаме и „Беше еднаш на Дивиот Запад“ и „Господарот на прстените: враќањето на кралот“; ги читаме и „Илијадата“ и „Кодот на Да Винчи“…

Честертон вели дека „музика покрај ручек е навреда и за виолинистот и за готвачот“.

12. БИДЕТЕ ЗАДОВОЛНИ И СО ПОМАЛКУ

Народното верување е дека срцето не може да поднесе толку колку што бараат очите. Постои, исто така, изрека дека „човечкото око е ненаситно“.

Меѓу најуспешните клетви во еврејската народна традиција е: „Да имаш, па да немаш“.

Тоа значи дека полесно се поднесува кога некоја работа не се поседувала (богатство, моќ, функција), отколку што се страда кога нешто такво ќе се изгуби.

Во еден расказ од полската литература се обработува темата „Колку земја му треба на човекот“? Индиректниот одговор е: не повеќе од место за неговиот гроб.

Затоа скромноста се смета за вистинска доблест.

Пишува

Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ од Охрид

„Уште не сум видел некого кој бил претепан тоа да го заборавил, ама стопати сум видел како луѓето ги забораваат советите и поуките“ – Иво Андриќ

Фото: Илустрација од Google

Посетеност: 36
Share
Previous Post

Почина новинарот Илче Стојаноски

Next Post

Во Софија почина правнукот на Григор Прличев – Кирил Григоров Прличев

Next Post
Во Софија почина правнукот на Григор Прличев – Кирил Григоров Прличев

Во Софија почина правнукот на Григор Прличев - Кирил Григоров Прличев

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 36

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk