• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, август 19, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

АКАДЕМИК МИЛЕ Д. МИЌУНОВИЌ ОД ОХРИД СЕ ЗДОБИ СО УШТЕ ЕДНО ВИСОКО ПРИЗНАНИЕ

септември 6, 2023
in Тикер

Меѓународната академија Léоpold Sédar Senghor на предлог на академскиот совет на Миле Миќуновиќ му доделува почесна титула ПОЧЕСЕН АКАДЕМИК И ПОЛНОПРАВЕН ЧЛЕН врз основа на заслугите кои произлегуваат од неговата лична наставна програма. Претседател проф. Акад. д-р Чеик Тидиане Гаје,  Милано, 24 август 2023, Италија.

Mиле Данило Mиќуновиќ е Академик, доктор на медицински науки, професор, уролог, сексолог, експерт – рецензент, поет и публицист роден на 12. X 1951 година во Кичево. На две годишна возраст дошол во Охрид каде завршил основно и средно образование, а медицински факултет и специјализација по урологија во Скопје. Докторирал на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Белград и се стекнал со титула „доктор на медицински науки“.

Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ бил вонреден професор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола по Хирургија и Полово образование (Сексологија).

Неговото животно мото е: „работи, заврши, објави“. Поучува дека „Науката е долга (широка, длабока), а животот е краток“ („Ars longa, vita brevis“) и никогаш не може ништо да се истражи докрај. Доколку се чека да се напише совршена книга, а не се објават своите истражувања тогаш нашите потомци би биле посиромашни за многу значајни дела. На тој начин се дава придонес за историјата, се остава трајна трага во сферата во која се работи и се прави траен споменик. Затоа штом се соберат податоци, делото треба веднаш да се објави, а за оние кои сакаат критизерски да се однесуваат за делата, ги потсетува на познатата латинска поговорка: „Faciant meliora potentes“ („Оние што можат, нека направат подобро“). Црногорците велат: „Ко може боље, широко му поље“.

Академик д-р Миќуновиќ е автор на 120 книги (со 31 097 страници во тираж од 50 230 егземплари).

Објавил 449 научни и стручни трудови, 10 универзитетски книги, над 50 колумни во дневен печат и 141 популарни статии на веб порталот доктори.мк и публицитет.мк.

Редовен член е во Европската академија на науките и уметностите во Салцбург во областа на медицинските науки.

Почесен член е во Меѓународната академија „Михаj Еминеску“ во Крајова за разбирање на различните култури, промоција на духовното наследство, за неговото книжевно творештво и творечко учество.

Носител е на титулата Амбасадор на културата за подршка на романската култура и духовност.

Како носител на титулата: „Суверен принц од крстот на Розата, Витез на Орелот“, наместо со оружје се фатил со перото и со него ги чува сите традиционални морални и етички вредности – човечноста и јунаштвото, секогаш да биде најдобар и одличен меѓу другите, да не го срами родот на татковците и ги упатува сите граѓани за зачувување на државниот идентитет на нашата Република  Северна Македонија.

Борец е за човекови права, за атмосфера на соработка и пријателство меѓу малцинствата, во име на големите идеали на историјата и религијата. Миле Миќуновиќ e апсолутното олицетворение на човечкото достоинство и сонот за мирен и просперитетен живот. Ги повикува своите сограѓани да постигнат мир и да живеат во склад со природата, небото, ѕвездите и ехото на љубовта, бидејќи мирот создава моќ и иднина. Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ гори на олтарот на мирот, како подарок, како победа на човекот против хаосот и омразата, соочен со светлината на Југот и мудроста на Западот.

milano

Меѓународната академија Леополд Седар Сенгор во Милано е аполитичка, неконвенционална, непартиска, непрофитабилна и истражувачка организација која ги почитува Уставот на италијанската држава и има намера да го промовира пишувањето во сите негови форми и да ја зајакне мислата на Леополд Седар Сенгор.

Публицитет.мк 

Посетеност: 208
Share
Previous Post

Тerazza Aquarius од Охрид вработува …

Next Post

По повод Денот на независноста бесплатно влезете во објектите на Завод и Музеј во Охрид

Next Post
По повод  Денот на независноста бесплатно влезете во објектите на Завод и Музеј во Охрид

По повод Денот на независноста бесплатно влезете во објектите на Завод и Музеј во Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 208

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk