Семките од тиква, се богати со магнезиум, фосфор, манган, железо, бакар, цинк, витамин К и белковини. Можат да се употребуваат како додаток во исхраната. Во продажната мрежа побарајте ги со знакот АЛПОЈО Охрид.
Здравјето влегува низ устата, а во тоа особено ќе се уверите кога ќе почнете да јадете семки од тиква
Семките од тиква се највредниот производ од овој плод. Се сметаат за извор на омега-3 масни киселини и витамин Е, кој е неопходен за здравјето на кожата, косата и ноктите.
Тинејџерите користат семки од тиква за да ги решат проблемите со акните, бидејќи семките од тиква се полни со цинк.
Трудниците ги јадат за да ја намалат мачнината.
Седумдесет грама семки од тиква дневно ја содржат препорачаната доза на фосфор, кој е неопходен за мозокот и за коските. На пример, рибата содржи двојно пониско ниво на фосфор.
Познато е дека семките од тиква им помагаат на мажите да ги излечат проблемите со простатата. Големата количина на цинк во нив помага за спречување неплодност, но лекува и алкохолизам.
Азијците јадат семки од тиква за да излечат депресија.
Постои и еден таен метод за зголемување на корисните состојки на семките од тиква. Измијте ги исчистените семки со вода и ставете ги во чинија. Повторно сипете вода, колку да ги покрие семките. Покријте ги семките со газа и оставете ги два дена на темно место. Истовремено, менувајте ја водата на секои 12 часа. Наскоро семките ќе проникнат, а вие јадете ги заедно со никулците.
Публицитет.мк