
Наши сограѓани, читатели на Публицитет.мк вечерва ни испратија фотографии од депонијата Буково со коментар дека од таму пак се извива густ чад и како што ни напишаа неподнослива миризба.
Чадот и миризбаата се шират во блиската околина и не е ништо чудно зависно од струењето на ветерот пак да слезат кон Опеница, Косел, Куратица и останатите околни населени места, па дури и како што беше претходно случај до Охрид.

Како што неодамна пренесоа медиумите од 29 до 31 јули од засега непознати сторители беа подметнати два пожари на депонија Буково. Тогаш од општина Охрид соопштија дека вработени во ЈП „Охридски Комуналец” цела недела се обидуваа целосно да го изгаснат пожарот.
Таква акција за запретување на запален отпад имало и вчера.

Кога случајот се повотрува – очигледно е дека не е пет до 12 туку 12 и 5 и општината и државата треба конечно да најдат соодветно решение за одлагање на сметот и со децении актуелниот проблем кој сега се засилува да го тргнат од дневен ред. Се’ во интерес на жителите од овој крај и од Охрид и во интерес на нивното здравје. И додека се најде конечното решение по кое се трага надлежните сепак треба да најдат алтернативно надминување на проблемот.
Публицитет.мк







