Денеска – вторник во 19 часот, во кафе-книжарницата „Литература.мк“ во Дајмонд мол, Скопје, ќе се одржи промоција на книгата „Номотехника“, авторско дело на вон. проф. д-р Љупчо Петкуќески и проф. д-р Марко Андонов, издание на Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС).
Промотори на изданието ќе бидат проф. д-р Иван Додовски, редовен професор и декан на Факултетот за политички науки при УАКС, и м-р Амир Абдулаи, судија во пензија на Апелациониот суд – Скопје.
Книгата „Номотехника“ претставува современ и систематичен водич низ принципите и правилата за изработка на правни прописи. Книгата им е наменета на студентите, правниците и сите заинтересирани што сакаат да ја разберат клучната улога на квалитетната номотехничка практика во креирањето прецизни и стабилни правни норми. Делото на авторите нуди јасен и практичен преглед на најважните номотехнички начела, концепти, методи и препораки и претставува редок спој на научна темелност и практична примена. „Номотехника“ е книга што едуцира и инспирира – водич што го приближува процесот на креирање закони до секој што го интересира правото и функционирањето на правниот поредок.
Фото: Google
Публицитет.мк








