Во прекрасен амбиент пред преполната сала ,,Билјанини Извори” охриѓани на македонскиот вицешампион Алкалоид им одржаа час по модерен ракомет и им го нанесоа првиот пораз сезонава.
Екипата на Охрид играше одлично од самиот почеток на натпреварот, па се’ до самиот крај а посебно за одбележување се првите 30 минути, кога користејќи ги сите грешки на Алкалоид, на полувреме заминаа со предност од 16-9.
Гостите од Скопје во вториот дел се трудеа да ја намалат негативата, но избраниците на Стевче Алушовски успешно го чуваа водството, така во последните 10 минути од натпреварот успеаа да влезат со шест позитива (24-18).
Се’ што направија гостите во овој натпревар е тоа што со мини серија од 3-0, само успеаа да намалат на три гола негатива во финишот, меѓутоа Охрид не дозволи поголема неизвесност и славеше со убедливи 30-26.
Најдобар стрелец кај домаќините беше Цирар со 14 голови, додека голманот Ѓорѓески запиша 14 одбрани.
Во редовите на Алкалоид најефикасен беше Дамјан Митев со седум гола.
И.Арсеноски
Охрид Спорт
Публицитет.мк