
Вчера министерот за здравство, д-р Илир Демири и д-р Маја Манолева заменик министерка за здравство на Република Северна Македонија беа во посета и на Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид, каде изминатите неколку години се реализирани бројни инвестиции во нова медицинска опрема, инфраструктурни проекти, како и континуирано зајакнување на кадарот.
Придружувани од директорот на болницата д-р Јордан Смически и неговите соработници тие извршија увид на болницата и на една од најзначајните инвестиции во нова опрема е апаратот за магнетна резонанца во вредност од 1.2 милион евра, обезбеден со поддршка од Европската унија.

Исто така, преку ИПА проектот набавени се повеќе апарати во вредност од 150.000 евра и тоа: апарат за артроскопија, ЕЕГ-ЕМГ апарат, ЕХО апарат стационарен и мобилен, пациент монитори, како и апарати за физикална терапија.

Во установата е реализирана и реконструкција на постојниот базен за физикална терапија во вредност од 125.000 евра, како и доопремување со хидрауличен лифт, кади за физикална терапија и апарат за крио терапија во вредност од околу 40.000 евра.
Публицитет.мк








