Денес во просториите на Државниот студентски дом „Никола Карев“ Охрид, по барање на директорот м-р Жарко Куциноски се одржа работен состанок со претставници на СВР Охрид, отсек превенција и ПСОН Охрид.
На состанокот беше разгледана состојбата со сместени ученици и студенти во студентскиот дом. Целта на овој состанок е превенирање на девијантни појави и препознавање на истите, а се со цел обезбедување на безбедна средина на учениците и студентите.
Со претставниците од отесекот превенција на девијантно однесување Христијан Трпкоски и Билјана Неделкоска беше договорено наскоро од страна на отсекот за превенција да бидат одржани едукативни предавања во делот на ЈРМ (јавен ред и мир), и КД (казнени дела), согласно законските прописи на Република Северна Македонија.
Публицитет.мк