Една од основните задачи на Агенцијата за иселеништво е да ги врши работите кои се однесуваат на иселениците од Македонија , да помага во нивниот културен развој но и да ги унапредува врските со нив и континуирано да ги информира со можностите за враќање во татковината и инвестирање во неа. Во интервју за СБС директорот на Агенцијата , Горан Ангелов потсетува дека главна задача во мигов им е ажурирањето на регистарот на македонски друштва низ светот, а ги има над 720.
Најновото македонско друштво неодамна е формирано во Аргентина. Агенцијата низ неколку форми им помага на младите генерации надвор од границите на Македонија да го учат македонскиот јазик, а Ангелов во интервјуто со нашиот известувач од Охрид , Милчо Јованоски опширно зборува за сите останати активности, кои се веќе се реализирани, но и за плановите за 2026 година.

Главниот повод за средба во Охрид беше промоцијата на најновата стихозбирка ШАРЕНИ ДИЈАМАНТИ од Наум Трајчески кој живее во Квинбијан , Австралија и потпишувањето на меморандум за соработка меѓу Агенцијата и Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ .
Инфо: Интервјуто е снимено и првично емитувано во септември, 2025 г. на СБС во Австралија
Публицитет.мк








