Вчера во Охрид, претставници на Прекуграничната мрежа на граѓански организации за регионот Охрид како град на УНЕСКО и СОС Охрид, активен на полето на заштитата на природата, организираа средба со медиумите во Македонија. каде што ги презентираа предизвиците и можностите за зачувување на статусот на регионот како светско наследство.
Мрежата ги изнесе пред новинарите и ги анализираше причините за заштита и управување со регионот, преземените чекори и неуморната работа на организациите во оваа насока, зголемените закани со кои се соочува екосистемот денес од неконтролираните случувања кои неповратно го оштетуваат еколошкиот интегритет.како заштитено подрачје. Не смееме да заборавиме дека кршењето на заштитените подрачја од национално и меѓународно значење јасно ја попречува интеграцијата во Европската унија.
На крајот беше побарано од страна на институциите за креирање/одлучување и спроведување на законите прашањето за зачувување на Охридското Езеро како сложено прашање да биде сеопфатно, нудејќи ја нашата помош како Граѓанско општество за постабилно одлучување.
Нашата мрежа на граѓански организации и експерти се подготвени да бидат дел од конструктивни дебати за конкретна имплементација на Планот за ревитализација на регионот на Охридското Езеро, спроведување на отворен и транспарентен процес, со цел политиките и програмите да бидат одржливи. претставник за сите интересни групи.
Публицитет.мк