Важна победа за екипата на Гостивар во борбата за пласман во Првата Лига. Тие денес славеа победа над екипата на Охрид со резултат од 3-0.
Практичнно гостиварци натпреварот го решија во почетните минути од натпреварот кога и поведоа со 2-0.
Со овој резултат се отиде на одмор.
Во второто полувреме бележиме само уште еден гол за домашните што практично беше и краен исход на овој натпревар кој како што напоменавме за домаќините беше натпревар од исклучителна важност во борбата за директен пласман во прволигашкото друштво.
Што се однесува до охридската екипа тие на овој натпревар не можеа достојно да им се спротистават на далеку помотивираната екипа на Гостивар која на овој натпревар не смееше да направи никаков кикс кој можеше скапо да ги чини.