Меѓу најредовните учесници во последните три децении на Семинарот за македонски јазик, литература и култура во Охрид е и проф. д-р Ала Шешкен од Руската федерација.
Таа и д-р Елена Верижникова се столбот на македонистиката во Москва. Основата на македонската катедра во далечната 1975 година ги постави покојната, академик Рина Усикова.
Годинава Московскиот државен универзитет Ломоносов слави 50 години македонистика и предавања на македонски јазик како главен предмет, потсетува д-р Шешкен и вели дека лично го чувствува како неправда негирањето на македонскиот јазик.

На фотографијата д-р Ала Шешкен – десно, заедно со своите студентки од Москва
За предизвиците во македонистиката со д-р Шешкен за СБС разговараше Милчо Јованоски:
Публицитет.мк








