Крајот на старата и почетокот на секоја Нова година , искрено сите не тера да размислуваме , собираме и одземаме и да го враќаме „филмот“ на сопствениот живот и често да се запрашаме: Успеавме ли оваа година и години пред тоа да го направиме тоа за кое лично сонуваме. Некои велат соништата се добра работа и тераат кон прогрес, но за други на пиедесталот е искуството дека не е можно да се оствари се’ што сонуваме и посакуваме.
Во ова предновогодишни и од утре пост новогодишно славје најдете време размислете ДА СТЕ НЕКОЈ што би сториле за Вашиот живот да тргне кон посветлата страна, семејството да би биде компактно и посреќно, окружувањето на работа и во градот и земјата далеку поубаво…
Би ве замолиле сите грешки или пофалби да не им ги припишувате на политичарите, на едните или другите. Општеството сме сите ние. Размислете во стилот што вие би направиле индивидуално. Имаме ли доволно свест, дали општеството ни се движи во правилна насока, што е со волонтерството, граѓанските организации и нивното дејствување?
Бидете, луцидни, креативни, интересни а зошто да не и забавни. Сепак пристојни, одмерени и без лични навреди кон кого било.
Вашите коментари доколку сакате пишувајте ги на фејсбук и фан страницата на Публицитет.мк
Среќни празници Ви сака редакцијата на ПУБЛИЦИТЕТ.МК
Очекуваме да го прифатите предизвикот ДА СУМ ЈАС НЕКОЈ …
Ви благодариме Ве очекуваме.!
Публицитет.мк