Овие проценти и бројки, според податоците на ДИК, се врз основа на обработени 3 416 избирачки места од вкупно 3 508 во општините на територијата на целата држава.
До 11 часот, во проценти најголема излезеноста на граѓаните со право на глас има во Демир Капија каде гласале 23,99 отсто граѓани.
Најмал процент на гласачи до 11 часот излегле во Куманово и тоа 4,22 отсто од запишаните избирачи во оваа општина.
Според досега обработените податоци, во апсолутни бројки, најмногу луѓе гласале во Битола и тоа 12 386. Најмалку гласачи во апсолутни бројки, пак, до 11 часот излегле во Чучер Сандево, каде гласале 100 граѓани.
На првиот круг од претседателските избори во Општина Охрид до 11 часот излезноста е 12, 94 отсто, односно гласале 6.687 лица, додека во Дебрца гласале 552 лица, односно излезност е 14 отсто, информираат од Општинските изборни комисии во Охрид и Дебрца.
Публицитет.мк
СПОДЕЛИ
