• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, јуни 29, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Допатуваа првите групи туристи за велигденските празници

април 20, 2025
in Актуелно
Допатуваа првите групи туристи за велигденските празници

Охрид е подготвен за дочек на туристите кои во Охрид ќе ги поминат велигденските празници. Во хотелите и другите сместувачки капацитети веќе допатуваа првите гости од земјава и странство, а нивниот број од утре драстично ќе се зголеми. Очекувано, како и секогаш досега хотелите нема да бидат преполни со гости, бидејќи празникот се слави во семејна атмосфера, но искористеноста на капацитетите ќе биде солидна…

Балканскиот Ерусалим веќе започна да се полни со туристи кои овде ќе го одбележат големиот верски празник Велигден. Хотелските капацитети се полнат, меѓутоа нема да има гости како за другите верски празници, бидејќи се работи за верски празник кој се слави дома. Покрај домашните гости кои секогаш се најбројни се очекува да допатуваат поголем број туристи од соседните држави кои во древните охридски црковни храмови ќе ја чујат веста за Христовото воскреснување. „Интересот за Охрид е зголемен. Овде луѓето се чувствуваат како да се дома, атмосферата е прекрасна, луѓето се пријатни и пријателски расположени. Овде се чувствуваме безбедно и сме добредојдени што е многу важно, особено за овој голем верски празник“, изјави Јован Диниќ-сопственик на туристичка агенција.

„Идејата беше нашите ученици да го посетат Охрид во време на еден од најголемите верски празници градот кој е познат како колевка на кириличното писмо. Мојата идеја беше нашите ученици од Србија да ја јакнат врската со својата култура, традицијата и јазикот, со оглед на тоа што македонскиот и српскиот јазик се сродни јазици, користат кирилица и едноставно наставата на српски јазик и книжевноста да ја збогатат со тоа што ќе учат на извориштето каде што била создадена кирилицата“, изјави Нада Петровиќ-професорка по српски јазик Крагуевац.

Хотелите и угостителите очекуваат успешен празничен викенд, кој ќе биде увод во добра туристичка сезона.

„Очекувањата се големи. За велигденските празници како и секоја година Охрид е подготвен и во моментот имаме голем број туристи, а со доаѓањето на верскиот празник Велигден ќе дојдат и нашите гости од странство, нашите гости од државата и Охрид ќе биде исполнет до последното место. Тука е црквата Каменскокаде што нашите гости ќе можат духовно да се одморат, да уживаат во нашите пијалаци, во нашите убави јадења македонски, традиционални“, изјави Сребре Митрески-угостител.

Според најавите бројот на туристи ќе биде далеку поголем за 1 Мај, што е убава вест, бидејќи велигденските и првомајските празници отсекогаш биле показател каква туристичка сезона може да очекува Охрид.

Извор: www.mrt.com.mk

Новинар: Сашо Нелоски

Публицитет.мк

Посетеност: 104
Share
Previous Post

За ликот Косара актерката Марија Новак доби награда за најдобра споредна женска улога на фестивалот 5РЕ во Велес.

Next Post

Заблуди за природните алтернативи на шеќерот

Next Post
Заблуди за природните алтернативи на шеќерот

Заблуди за природните алтернативи на шеќерот

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 104

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk