Вчера министерот за здравство д-р Илир Демири заедно со заменик министерката д-р Маја Манолева беа во работна во работна посета на Охрид и Здравствениот дом во Охрид.
Директорката на Здравствен дом д-р Ајсел Зејноска со своите соработници ги информираше дека во изминатиот период, со обнова на опремата за лабораторија и медицинска апаратура се прошири делокругот на анализи кои сега се вршат во здравствената установа.

Набавени се и две амбулантни возила за Итната медицинска помош за поефикасно, побрзо и навремено реализирање на здравствените услуги за пациентите.

Публицитет.мк