• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, мај 9, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Ковачевски: Имаме обврска да го чуваме Охридскиот регион

ноември 9, 2023
in Актуелно
Ковачевски: Имаме обврска да го чуваме Охридскиот регион

Премиерот Димитар Ковачевски, во рамки на официјалната посета на УНЕСКО, рече дека најважен интерес е да се заштити природното и културно добро.

„Северна Македонија е вреден пример на успешна мултиетничка демократија, како држава која што покажа на дело дека дипломатијата е средство за решавање на предизвиците. И со македонското древно јазично и културно наследство и преку функционалното мултикултурно општество, продолжува да придонесува во мозаикот на различности што ги негува и УНЕСКО, а коишто се карактеристика на заедничкиот свет“. Ова го порача премиерот Димитар Ковачевски, кој ја започна официјалната посета на УНЕСКО во Париз, каде го пречека генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле.

Прва посета

Посетата на премиерот Ковачевски е прва посета на македонски премиер на УНЕСКО. Северна Македонија оваа година одбележува 30-годишен јубилеј од зачленувањето во оваа организација на Обединетите нации за образование, наука и култура. 

„Нашата соработка со УНЕСКО датира од 1979 и 1980 година, кога нашиот бисер, Охридскиот регион, влезе под закрилата на УНЕСКО. И, денес со гордост го вбројуваме меѓу едно од вкупно 39-те културни и природни наследства во светот“, истакна Ковачевски, кој се обрати на маргините на 42-та Генерална конференција во седиштето на УНЕСКО во Париз.

Охрид

Охридскиот регион, вели Ковачевски, е магичен сплет на природа, историја, религија, уметност и писменостФотографија: Daniela Trpcevska Zafirovska

„Ова за нас значи континуитет, богатство, но и обврска да го чуваме. Ниту еден друг интерес не смее да е поголем од заложбата да се сочува и заштити ова, и наше, и светско, природно и културно добро. Тоа им го должиме на предците и на идните генерации“, додаде премиерот. 

„Охридскиот регион, вели Ковачевски, е магичен сплет на природа, историја, религија, уметност и писменост. „Во него ќе најдете преку 2.500 квадратни метри фрески на византиската уметност во која учествувале и локални македонски мајстори; над 800 скапоцени икони создавани меѓу 11 и 14 век; антички мозаици, османлиски џамии; колекции на старословенски, византиски и османлиски ракописи, и уште многу работи! И сето тоа расположено околу едно од најстарите и најубави езера во Европа, кое во себе крие голем број ендемски и ретки слатководни видови флора и фауна. Оттука, наш императив е да го одржиме интегритетот и автентичноста на Охридскиот регион, во соработка со Центарот за светско наследство на УНЕСКО. И, заедно со Република Албанија да бидеме пример за добрососедска соработка и во заштитата на ова, и заедничко, и универзално добро“, потенцира премиерот.

Димитар Ковачевски УНЕСКО Одре Азуле

Димитар Ковачевски, ја започна официјалната посета на УНЕСКО во Париз, каде го пречека генералната директорка на УНЕСКО, Одре АзулеФотографија: Government of North Macedonia

Листа со обврски

На 45-та сесија која се одржа во септември, Комитетот на УНЕСКО за светско наследство побара земјата да ги исполни препораките со цел Охридското Езеро да не биде пробласено за светско наследство во опасност. И Северна Македонија и Албанија добија полни раце со обврски – ќе мора да донесат заеднички стратешки план за рехабилитација на регионот и дополнително да го подигнат нивото на билатералната заштита и управување со светското наследство.

„Од нашата натамошна засилена соработка ќе зависи имплементацијата на посочените мерки за рехабилитација на Регионот. Темелите за неутрализирање на утврдените и потенцијалните закани се поставени, но потребите за заштита на ова добро бараат голема мобилизација за истото да ја зачува својата исклучителна универзална вредност, како и имплементација на итни мерки кои ќе ги зближат сите засегнати страни и ќе се преземат веднаш“, рече Ковачевски.

Заштитата на Охридското Езеро и препораките на УНЕСКО се најдоа и во последниот извештај за напредокот на земјата којшто го објави Европската комисија. Во него се нотира дека не се доволно имплементирани препораките на УНЕСКО за заштита на регионот, се бара заштита на водите на Охридското Езеро, како и на Студенчишкото блато. 

Извор: www.dw.com

Публицитет.мк 

Посетеност: 113
Share
Previous Post

Во „БИОМЕД ЛАБ“ се врши испитување на Streptococcus spp. кај мажи

Next Post

„Академска Мисла“ ја објави новата стихозбирка „ Откровение“, од поетот Блаже Петревски -Ендемион

Next Post
„Академска Мисла“ ја објави новата стихозбирка „ Откровение“, од поетот Блаже Петревски -Ендемион

„Академска Мисла“ ја објави новата стихозбирка „ Откровение“, од поетот Блаже Петревски -Ендемион

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 113

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk