Сношти на сцената „Долни Сарај“ на познатиот македонски композитор – хармоникашот , д-р Гоце Џуклески му беше врачена награда од Советот на фестивалот „Охрид фест – Охридски трубадури“ за неговиот личен придонес во развојот на овој надалеку познат музички настан.
Гоце Џуклевски својата дружба со фестивалот ја започна во 2001 година со песната „Мој мераку“ во изведба на Милица Кузмановска кога освоија дури три награди.
И почнаа да се редат наградите и песните. Во овие 25 години на овој фестивал има освоено над 30 награди а негови песни пееле и Сузана Спасовска, Мирко Вретовски, Кирил Белистојаноски и ред други познати имиња од македонската естрада.

Џуклевски со својот музички сензибилтет е чувар на македонскиот ритам и мелос а таа потврда се виде и синоќа со најновата песнa „Невеста охридска“ во изведба на Сузана Спасовски
Гоце, нека ти се множат годините и песните….

Публицитет. мк