• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, август 15, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во потрага по трајната убавина

 Кон „Градот што не го засакав од прва“ од Енис Хилми

јули 19, 2025
in Во потрага по трајната убавина
 Кон „Градот што не го засакав од прва“ од Енис Хилми

Појавата на првата збирка раскази „Градот што не го засакав на прва“ од нашата Енис Хилми и веста дека токму таа е добитник на наградата „Новите“ за 2024 година искрено многу ме израдува.  Побрзав да ја преземам и објавам веста што ја лиферуваше нејзиниот издавач Темплум. И како што е и редот ѝ честитав. Книгата со посвета „На Милчо со радост- Енис, јануари 2025“ брзо стигна во моите раце.

 И тогаш ѝ ветив дека ќе ја прочитам и ќе ги запишам моите импресии. Не се ни сомневав дека ќе наидам на раскази кои во себе носат душа и сочност. Не ве оставаат и бараат за миг да заборавите на времето и обврските, за во еден здив да ги прочитате.  

Токму  такви се расказите посветени на нејзиниот  Берлин во кои таа имала многу престои, заминувања и враќања.

На многу едноставен и реален начин Енис ни го пренесува сопствениот културен шок со кој се соочувала при живеењето таму, ама и навиките кои ги стекнала дома и ги пренесла во новиот свет.

Наспроти германската педантерија и сѐ да се стави под конец е нашиот балкански темперамент со бурек  во рака или кафе на маса да се споделат сите радости и таги со првиот којшто зборува на „нашки“ 

Сите 19 раскази се една нова социолошка студија за животот на луѓето од поранешната ЈУ федерација некаде надвор од границите и далеку од нивните родни огништа во случајов Берлин. Енис некаде попатно ќе рече: Во Берлин падна Ѕидот а во некогашна ЈУ се подигнаа ѕидови. За среќа претходно многу со последниот воз пред да почне ужасот и лудилото успеале да заминат од воениот обрач и злосторствата. Токму тие и таквите живеат таму под некои други норми. Но, сепак успеваат за своја душа да си ги слават државните и верските празници на пропадната СФРЈ и бескрајно да си ги распостелат своите интимни доживувања и со изобилие храна и пијалак да се доближат и да си помогнат кога и тоа е потребно. Дури и за Енис која зад себе има километража патувања и среќавања со разни култури, почнувајќи од нејзиниот Охрид, дом, семејството, соседството, драгата Битола, животот во Скопје, студентскиот Истанбул – Берлин, преку расказите признава дека и бил посебно нов. Тој не е љубов на прв поглед ама провејуваат низ расказите моменти за дружба со посебни луѓе за неа, меѓу кои еден Германец кој речиси како да е Југословен дури и подобро ја пее некогашната „наша“ химна. И се разбира и во политика и чиниш како тогаш да се вратил од некогашната Југославија распарчена од политичките хиени.

Еден исто така за своето време авангарден пејач имаше хит рефрен: „Смејем се. Смејем се ал плакао бих!“ Така и е и со расказите на Енис. Читате, почнувате да се смеете а миг потоа сфаќате дека реалноста е горчлива. Трагикомичното, се меша со солзи и смеа и борба како човек да се „стопи“ во сликата наречена Берлин. Инфилтрирањето не било лесно. Во тој голем град во кој важат некои други правила Енис постепено запознава галерија ликови кои ги носи во себе и раскошно, чиниш и нам ни се добро познати и ги пренесува во нејзините  топли раскази кои говорат за човечноста и потрагата по среќа. И паралелно ни раскажува интимни состојби и семејни драми. На прониклив начин не криејќи ги емоциите ни го претставува односот со мајка ѝ и сестра ѝ. Во паралелно охридските и берлински приказни таа зборува за менталитетот овде и таму. Не ја заборава и баба ѝ  која оставила длабоки траги во нејзиното детство и потоа. Во тој мозаик граден ден по ден има соодветно место и за пријателите со кои дели исти погледи, ги мери берлинските улици, плоштади и заеднички ја дишат тамошната културна сцена помешана со југословенски рок, градејќи некоја нова Југославија надвор од нејзините некогашни граници.

Незамисливо за нас е така во сандачето да добиете покана за вечера на која ќе понесете нешто ваше а ќе вечерате, мезите или пиете од  она што друг го донел. Никој со никого речиси и не се познава а муабетот кружи, се отвораат внатрешните светови. Кај некого веднаш а кај друг по чашка – две. 

Данило, Бошко, Луција, Мирсад, Ања, Суљо и ред други се дел од нејзиниот совршено – несовршен мозаик во книгата околу кои се плетат и извираат приказни во кое се допираат и се дијаметрално спротивни германското општество и Балканот.

Енис пишува едноставно чиниш седиме во нејзината „Галерија“ си пиеме кафе и го отвора куферот со анегдоти и си раскажува. Овој пат нема да се занимавам со стилските компарации, ниту со структурата на расказите и за тоа да зборува со остро критичко перо. Во стилот убаво е ама можело и поубаво.

Искрено и честитам за храброста што се реши да не почести со нејзините раскази кои се како некој водич, ако еден ден решиме да одиме во Берлин. Па, макар како нејзе да не го засакаме на прва.

Длабоко во мене нешто ми вели дека за брзо Енис ќе не израдува со нешто ново. Чекаме со ширум раширени раце.

Милчо Јованоски, Публицитет.мк

Посетеност: 1.085
Share
Previous Post

DW: Охридското Езеро открива тајни стари 8.000 години

Next Post

Промовирана дебитантска книга „Берлин, градот што не го засакав на прва“ од Енис Хилми

Next Post
Промовирана дебитантска книга „Берлин, градот што не го засакав на прва“ од Енис Хилми

Промовирана дебитантска книга „Берлин, градот што не го засакав на прва“ од Енис Хилми

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 1.085

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk