• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, август 19, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Македонската поетеса и преведувачка Драгана Евтимова е на резиденцијален престој во Словенија

октомври 5, 2023
in Тикер
Македонската поетеса и преведувачка Драгана Евтимова е на резиденцијален престој во Словенија

Драгана Евтимова, поетеса и преведувачка од словенечки на македонски јазик, во октомври еден месец престојува на резиденцијален престој во Словенија, во градот Храстник.

Резиденцијата ја доделува Друштвото на словенечките книжевни преведувачи во Словенија. Денеска – 5 октомври имаше посета во библиотеката Антон Совре, а на 7 октомври ќе има преставување во Савна Печ и ќе чита делови од преводот на кој работи моментално, а тоа е книгата „Буба“ од словенечката авторка Андреја Пеклар. Исто така, има свое преставување на словенечко радио.

Антон Совре е словенечки филолог и преведувач што важи за најдобрите словенечки преведувачи на антички грчки дела, а воедно имал природен слух за јазик и превод. По него од 1964 година се доделува најголемата награда за книжевни преведувачи од страна на Друштвото на словенечките книжевни преведувачи, наречена Совретова награда.

Драгана Евтимова (1984) ги има објавено следните книги: „Постоењето на динамиката“ (поезија, 2005), „Јас сум некаде на друго место“ (поезија, 2011); „Фусноти по сеќавање“ (поезија, 2014); „Се гледаме наскоро. Е.“ (епистоларен роман, напишан заедно со визуелниот уметник Владимир Лукаш, 2017), „Растојанието меѓу две точки“ (хаику, 2018), „Концептот магичен реализам како културолошки феномен“ (теоретска книга за магичен реализам, 2020) и „Анонимус“ (поезија, 2021). Член на Друштвото на писатели на Македонија и добитничка на наградата Антево слово. Активно преведува од словенечки јазик.

Публицитет.мк 

Посетеност: 103
Share
Previous Post

Блаже Петревски од Охрид ќе гостува на меѓународниот поетски фестивал „Haus fur Poesie “ во Келн

Next Post

Сценаристките Камчевска, Куслеска, Ѓоргиевска и Кузманоска дел од 4.TEMPORA/CONTEMPORA

Next Post
Сценаристките Камчевска, Куслеска, Ѓоргиевска  и Кузманоска дел од 4.TEMPORA/CONTEMPORA

Сценаристките Камчевска, Куслеска, Ѓоргиевска и Кузманоска дел од 4.TEMPORA/CONTEMPORA

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 103

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk