Во рамките на научната и уметничка визита што се одржува во Куќата на Уранија-МАНУ во Охрид од денеска и во наредните денови ќе се одржат следните настани:
На 25 август (петок) во 13:00 часот ќе се одржи промоција на издание посветено на научноистражувачката работа на академик Алајдин Абази по повод 80 години од неговото раѓање од одделението за технички науки на МАНУ
На 27 и 28 август со почеток во 09:00 часот започнува синолошката конференција сино-балцаница пресеци на културите, јазиците и историјата на која ќе присуствуваат 30тина еминентни гости.
На 27 август во 12 часот ќе се одржи поетска средба со истакнатиот црногорски поет Павле Горановиќ, член на ЦАНУ, која ќе се одржи следнава недела во 12 ч. во куќата Уранија на МАНУ.
Предвидено е претставување на авторот и академик, читање на негови песни во превод на македонски јазик (Никола Маџиров, Игор Исаковски) и разговор со авторот, кој е и гостин на годинешиве СВП.
Средбата ќе ја отвори претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев.
Научната и уметничка визита ја завршуваме со Охридската школа на природно право, препознавање и разбирање на организираниоткриминал и корупција во контекст на владеење на правото, на центарот за стратегиски истражувања “Ксенте Богоев”при МАНУ, со подршка на амбасадата на САД, стои во соопштението од МАНУ.
Публицитет.мк