• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

Наградата од Канго и “Мактеон” конечно во рацете на Дадо Топиќ

ноември 30, 2025
in Омнубус
Наградата од Канго и “Мактеон” конечно во рацете на Дадо Топиќ

“Космополитската организација Рок-кор Орфеј- Кочани Македонија по повод својот 50 јубилеј доделува Благодарница на Дадо А. Топиќ “Македонија” за долгогодишна успешна соработка и придонес за развој и духовно обединување на македонските и светските универзални вредности. Претседател Коце Икономов и рок-пророк Симеон Иванов Канго”.

Вака гласи наградата која е прогласена деновиве пред години, поточно на 28.11.2012 година, а сега веќе и предадена, и тоа патувајќи од Вардар па до Триглав, поточно од Скопје до хотел “Интерконтинентал” во Љубљана.

Наградата ја предаде новинарката Валентина Ѓоргиевска Парго, со која Канго соработуваше, и која се потсетува дека истата крие една интимна и убава приказна што нема да ве остави рамнодушни.

-Нашиот Канго засекогаш ќе остане запаметен како најтврдокорниот и оригинален вљубеник во рок музиката на која ѝ остана верен до крај на својот живот, а особено запаметен како уникатен вткајувач на својата рок филозофија во колективниот национален идентитет. Оваа награда е аманет од Канго за Дадо и морам да се потсетам дека има многу голема важност. Во годината на неговиот јубилеј 45 години “Рок академија” и 50 години постоење на Здружението “Рок- Кор”, за жал поради финансии не можеше да направи концертот каков што беше замислил, поточно не можеше воопшто да го организира. Некако заедно смисливме да се изведе сето тоа, со моја медиумска и логистичка поддршка. И првата идеја што ни дојде беше- во рамките на космополитскиот дух на Канго, Здружението да го покани и награди и најголемиот југословенски рокер, според нашите ставови едногласно- Дадо Топиќ. Човекот кој ја испеа и вечната рок химна “Македонија”. И, оттука тргна сѐ, таа идеја му даде сила и ветар во грбот на Канго. Упорно обезбеди тоа што можеше, сместување кај својот пријател во таканаречениот “Феријален дом”. Но имаше само една пречка- ден пред тоа Дадо имаше одамна договорен настап во Германија, а авионот вечерта слетуваше околу во 22.30 и беше невозможно да пристигне навреме. Неуспеавме во таа намера и на концертот, кој на крај излезе своевиден филм и преполн спонтан спектакл со настап и учество на Гарабет Тавитјан, Кокан Пандиловски, Љубомир Бранѓолица, рокери, културно уметнички друштва, нашиот Канго наградата на сцена ми ја даде мене со порака јас да му ја врачам на Дадо, при првата средба. Во чест на Канго и во чест на Коце кои за жал веќе ги нема јас наградата ја врачив тимот на легендата и неговиот менаџер Илија Јовановиќ и со тоа го исполнив своето некогашно ветување. Воедно ова слободно може да се протолкува и како покана догодина на неговата јубилејна турнеја “За који живот треба да се родим” по повод 60 години славно постоење на сцена и да ни одржи концерт и во Македонија, каде што кај публиката секогаш е добредојден, вели Валентина.

Легендарниот рокер се заблагодари за наградата преку видео обраќање.

Биографија на Канго Симеон Иванов- Канго (познат и само како Канго е роден на  2 ноември, в о 1951 година во  Кочани, а почина на 26 март 2018 година.Тој е македонски рок- музичар и гитарист, поет, сликар и основач на културното движење „Мактеон“ кое ја промовираше македонската нација, култура, јазик, а особено античко-македонското наследство на денешниот македонски народ. Канго беше познат по својот необичен стил налик на легендарниот гитарист Џими Хендрикс.Тој беше рокер кој до последен здив живееше рокерски.„Канго“ (од родовскиот прекар на неговото семејство: Кангаловци од кочанското маало Доклевец).Во 1970 година почнал да се занимава со музика.Го негуваше жанрот рок и рокенрол.Беше музичар, текстописец, поет, уметник, вокалист и свиреше на гитара.***
Симеон Иванов е роден во Кочани на 2 ноември 1951 година, каде што го завршил основното и средното образование. Дипломирал на правниот факултет во Скопје. Беше оженет со својата љубов од младоста и татко на три деца. Канго почна да се занимава со рок-музиката во раната младост, а во 2015 година го прослави 50-годишниот јубилеј со концерт во Домот на АРМ во Скопје. Во неговата долга музичка кариера, свирел заедно со речиси  сите музичари од неговиот град и пошироката околина. Канго беше гитарист, текстописец, аранжер, композитор и продуцент на неговата истоимена група, која работела во формацијата: гитара/вокал, бас гитара и тапани. Исто така, над 20 години, Канго беше сопственик на училиште за рок-музика каде го предаваше своето искуство на помладите генерации.Има издадено седум музички албуми: „Воскреснување“ (1991), „Вознесување“ (1994), „Реинкарнација“ (1995)- албум со преработки на песни на легендарниот гитарист Џими Хендрикс, „Вдахновение“ (1996), „Проповеди“ (1997), „Проповеди“ (1998)- компилација на најдобрите песни на Канго по повод 35-годишнината од неговата кариера, и „Откровение“ (2007). Покрај многуте концерти во Македонија, Канго настапил и на Заечарската гитаријада во 1994 и 2001 година, а има одржано концерти во Нови Сад и во Белград (2004), како и во Виена (2004), а настапувано и во Москва и Холандија.    Канго е автор на четири збирки поезија:
„Воскреснување“ (1988),„Вознесување“ (1989),„Вдахновение“ (1990),Поемата „Распетие“ (1997).

Со своето движење „Мактеон“, Канго организираше повеќе македонски космополитски средби, како и чествувања по повод раѓањето на Александар Македонски на наоѓалиштето Горно Гратче, на планината Осогово, во близината на Кочани.

Публицитет.мк

Посетеност: 983
Share
Previous Post

Дај ми вино да заспијам, а љубов за да живеам

Next Post

Eмотивно испраќање во пензија на наставникот Димче Донески

Next Post
Eмотивно испраќање во пензија на наставникот Димче Донески

Eмотивно испраќање во пензија на наставникот Димче Донески

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 983

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk