• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, септември 21, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Наташа Поповиќ одликувана со Орден „Витез на Редот на Ѕвезда на Италија“

јули 22, 2024
in Актуелно
Наташа Поповиќ одликувана со Орден „Витез на Редот на Ѕвезда на Италија“

Претседателот на Република Италија, Серџо Матарела,  ја одликува директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ со Орден „Витез  на Редот  Ѕвезда на Италија“ . Одликувањето ѝ го додели амбасадорот на Италија во земјава, Андреа Силвестри, кој синоќа во катедралната црква „Света Софија“ потенцира дека ваквото високо признание е за нејзиниот исклучителен придонес во промоцијата на италијанската култура  на сцената на фестивалот „Охридско лето“.

-Од  2019 година таа е успешна директорка на еден од најпрестижните уметнички фестивали во земјава, меѓународниот фестивал „Охридско лето“ и почесен делегат на Европската фестивалска асоцијација (ЕФА). Во сите овие години, сигурен сум дека Наташа ја заслужи довербата на властите и почитта на граѓаните, колегите и пријателите, ставајќи ги своите професионални вештини во служба на својата земја, но и на пошироката меѓународна заедница, внимателно избирајќи ги различните уметнички предлози кои доаѓаат од странство. Потврдувам дека таа многу ја заслужи почитта од Италија, бидејќи имав задоволство тесно да соработувам со неа во изминатите години. Таа организираше неколку извонредни италијански вечери, носејќи го пред локалната публика „Кремот на  кремот“ на италијанската музика и музичари, диригенти и оперски пејачи, кажа амбасадорот Силвестри.

Тој  потенцира дека е особено задоволен што претседателот на Италија, Серџо Матарела го прифатил неговиот предлог, да го додели ова признание со кое се стекнуваат личности значајни за унапредување на односите меѓу двете земји.

Директорката Поповиќ, заблагодарувајќи се за ова признание кажа дека е голема честа да се добие ваков значаен Орден како признание за успесите на „Охридско лето“, но и потврда за залагањата и посветеноста на целиот тим кој го подготвува и реализира фестивалот.

-Овој Орден го споделувам со мојот тим без кој не може да се постигнат успесите по кои нѐ препознаваат како дома, така и надвор од нашата држава. Навистина е огромна радост кога ќе ви ги препознаат успесите и во иднина продолжуваме да испишуваме уште многу успешни фестивалски изданија, рече  Поповиќ.

„Витез на Редот Ѕвезда на Италија“ е одликување воведено во 1947 година како „Ред на Ѕвездата на италијанската солидарност“.

Наташа Поповиќ одликувана со Орден „Витез на Редот на Ѕвезда на Италија“
Посетеност: 216
Share
Previous Post

Конкурс за најдобра фотка: „Трпејца низ објективот на туристите“

Next Post

ЗАПОЧНА ТРИНАЕСЕТОТО ИЗДАНИЕ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „НА ЗАЈДИСОНЦЕ“ ВО ТРЕПЕЈЦА

Next Post
ЗАПОЧНА ТРИНАЕСЕТОТО ИЗДАНИЕ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „НА ЗАЈДИСОНЦЕ“ ВО ТРЕПЕЈЦА

ЗАПОЧНА ТРИНАЕСЕТОТО ИЗДАНИЕ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „НА ЗАЈДИСОНЦЕ“ ВО ТРЕПЕЈЦА

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 216

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk