• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, јули 1, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Недела на борба против ракот од 1-8 март, под мотото „Раната детекција спасува живот“

март 5, 2024
in Тикер

Посветени на своите активности во Здравствено-превентивната дејност, а во рамки на одбележувањето на Неделата на борба против ракот од 1-8 март, под мотото „Раната детекција спасува живот“, Црвен крст Охрид организира активности насочени кон подигање на јавната свест кај општата популација за превенција и навремено дијагностицирање на малигните заболувања. 

Во таа насока, Црвен крст Охрид во соработка со Младинскиот центар Охрид организира предавање на тема „Фотодерматози-причини, симптоми, стадиуми, превенција и лечење“, кое ќе се реализира на 07.03.2024 (четврток) со почеток во 18 ч., во просториите на Младинскиот центар Охрид (Касарна Охрид). Предавач ќе биде Д-р Перчо Бачев, спец.дерматовенеролог.

Искористете ја можноста да дознаете повеќе за Фотодерматозите-промени на кожата кои настануваат како последица на дејството на сончевите зраци и начините за заштита на кожата од сончевите зраци.

Секоја година во светот, над 12 милиони луѓе заболуваат од некој вид на рак, а 7,6 милиони луѓе умираат како последица на болеста. Во нашата држава, годишно се откриваат преку 6 илјади нови случаи на заболени од рак. Овие бројки се навистина застрашувачки и алармантни.

Експертите од Меѓународната унија за рак и Светската здравствена организација нагласуваат дека приближно 40% од карциномите можат потенцијално да се спречат и ризикот од развој на ракот може значително да се намали со примена на едноставни превентивни мерки и практикување на здрави животни навики.

Публицитет.мк 

Посетеност: 135
Share
Previous Post

„Охридско лето“ 8 Март на жените ќе им го честита со концерт на светскиот тенор Федерико Сера

Next Post

СДСМ Охрид: Вака владее ДПМНЕ со Охрид… хаотично, без ред и поредок

Next Post
СДСМ Охрид: Вака владее ДПМНЕ со Охрид… хаотично, без ред и поредок

СДСМ Охрид: Вака владее ДПМНЕ со Охрид... хаотично, без ред и поредок

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 135

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk