Охриѓани вчера можеби го одиграа еден од најслабите натпревари во досегашниот тек од овогодинешната фудбалска сезона.
Гостите на кој секој бод им е повеќе од важен во борбата за опстанок повеќе се залагаа и особено во првото полувреме кога и дојдоа во водство имаа контрола на играта.
Во второто полувреме охриѓани заиграа поангажирано и од самиот почеток направија силен притисок врз голот на гостите но се покажа дека тоа беше доволно само за изедначување на резултатот.
После изедначувањето домашните создадоа уште некоја шанса за целосен пресврт но за среќа на гостите резултатот до крајот на натпреварот остана непроменет.
Како и да е уште еднаш да констатираме дека охриѓани одиграа можеби еден од најслабите натпревари во оваа сезона.
И.А Охрид Спорт
Публицитет.мк