• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, јули 4, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

Нова книга: „Болница ,Св. Еразмоʻ – Охрид, поглед кон иднината“ од академик д-р Миле Д. Миќуновиќ

април 18, 2024
in Аргументи за
Нова книга: „Болница  ,Св. Еразмоʻ – Охрид, поглед кон иднината“ од академик д-р  Миле Д. Миќуновиќ

Да му служиш на народот (целокупниот состав на населението, на граѓаните на една држава) е највозвишен повик во сите времиња. Болницата „Св. Еразмо“ во Охрид со својата дејност гордо и задоволно му служи на народот за неговата здравствена заштита.

Во книгата е опишан: развојот на болницата, здравствената дејност, организационата поставеност, кадровската структура, поглед кон иднината, поликлинички дел, болнички дел, немедицински дел и вработените во болницата.

За погледот кон иднината на болницата ќе ви пренесам делови од изјавите, а деталите се во книгата. Директорот д-р Јордан Смически, специјалист ортопед: „… Мојата визија е да ја продолжиме традицијата која трае 74 години. Да ги следиме светските трендови во ортопедијата,  трауматологијата, неврохирургијата, неврологијата, пластичната хирургија и физикалната медицина со рехабилитација…“; д-р Огнен Шешоски, специјалист ортопед: „… Во блиска иднина ја гледам нашата болница повторно на местото кое го заслужува – меѓу пионерите од областа на ортопедијата и трауматологијата во овој дел од Балканот. А јас можам да ветам во свое, но и во името на целиот тим дека предизвикот е прифатен…“;  д-р Александар Стевоски, специјалист ортопед: „… во иднина ова болница ја гледам како една од балканските референтни центри за импланти на зглобови и компликации кои настануваат од истите…“; д-р Атанас Поп – Стефанија, специјалист ортопед: „… Верувам во максимата ,Задоволни доктори, задоволни пациенти и здрави граѓаниʻ, тоа треба да не води за реформирање и подобрување на нашиот здравствен систем…“;

д-р Миќун Миќуновиќ, специјалист неврохирург: „… Иднината на нашата болница ја гледам во подобрување на квалитетот на работата на неврохируршката служба преку подобрување на условите на Одделот за интензивна нега, за постоперативно следење на пациентите… Спиналната хирургија во најново време, има иднина да се развива во поглед на користење ендоскоп, со што ќе се намали инвазивноста на процедурите и ќе се забрза опоравувањето на пациентите… Положбата на нашата болница, нејзината инфраструктура и постојниот кадар, може да прерасне во регионален травматолошки центар и за третман на политравматизирани пациенти…“; д-р Маја Божиновска Смическа, специјалист невролог: „… Како невролог се обидов да создадам поликлинички дел кој нуди комплексна дијагностика, се потрудив да се воведат електроенцефалографијата и електромиографијата, а истовремено ја подржував невропсихологијата и неврорадиологијата… ќе се потрудиме болницата ,Св. Еразмоʻ да стане центар за неврорехабилитација и центар за третман на акутни невролошки состојби… Иднината на нашата установа сме ние. Од нас зависи…“; д-р Билјана Трајаноска, специјалист анестезиолог: „… Длабоко верувам и мојата визија во периодот кој следи е период на просперитет, тимска работа, врвно знаење, период на ентузијазам и совесност во работењето на секој вработен во болницата од секој профил…“; д-р Славчо Иваноски, доктор на медицински науки, специјалист по радиодијагностика: „… Како што чекориме во иднината, одделот за радиологија е подготвен да доживее трансформативни, суштински промени. Со напредокот на технологијата, како што се дијагностика со  помош на вештачка интелигенција и 3D имиџинг технологиите, очекуваме зголемена ефикасност и точност во дијагнозите…“; д-р Сања Беде Стевоска, специјализант по ортопедија: „… Во наредните 5 години специјалната болница за ортопедија и трауматологија ,Св. Еразмоʻ – Охрид ја гледам како регионален оперативен, дијагностички и рехабилитационен центар во кој здравствени услуги ќе пружат добро подучениот медицински кадар, а пациентите ќе бидат задоволни од нашите услуги…“; Сузана Динго Ристеска, главна медицинска сестра: „… Комфорот, професионалноста, квалитетот на сестринската нега се само дел од она што и е најважно на една ваква установа да биде на врвот…“

Преку оваа книга со своето перо истурив мисли и со својата боја, со една македонска боја го осветлувам нашето здравство, нашето образование и култура во служба на народот.

Пишува

Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ од Охрид

Посетеност: 420
Share
Previous Post

Бутик ЕМИЛИ: Промотивна понуда за матуранти. Сако, панталони, кошула и машна, се’ за 5500, денари.

Next Post

Национална конференција Културно наследство и туризам

Next Post
Национална конференција Културно наследство и туризам

Национална конференција Културно наследство и туризам

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 420

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk