• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, јули 3, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

НОВА КНИГА: „ЦРКВАТА СВЕТИ ЈОВАН ВЛАДИМИР ВО ПОДГОРЦИ“ ОД АКАДЕМИК МИЛЕ Д. МИЌУНОВИЌ

јуни 26, 2024
in Аргументи за
НОВА КНИГА: „ЦРКВАТА СВЕТИ ЈОВАН ВЛАДИМИР ВО ПОДГОРЦИ“ ОД АКАДЕМИК МИЛЕ Д. МИЌУНОВИЌ

Владимир и Косара се претходници на Ромео и Јулија.

Во XII век е запишана беспрекорната љубов на Косара, ќерката на царот Самоил и дукљанскиот крал – заробеник Јован Владимир. Косара, племенита ќерка на Царот Самоил, потикната и вдахновена од Светиот Дух, го замолила татка си да ѝ дозволи со своите слугинки да им ги измијат главите и нозете на заробениците. Тој ѝ дозволил. Така го видела убавиот, покорен, благи скромен кнез. Во разговорот со него ги согледала неговите вредности, дека е полн со знаење и Божја мудрост. Косара се вљубила во убавиот Владимир. Од срце го молела татка си да ѝ дозволи да се омажи за него. Царот Самоил ѝ ја исполнил големата желба на својата ќерка.

Во книгата е опишано житието, родословот на свети Јован Владимир, неговото канонизирање, градбата на црквата, фрескоживописот и преосветувањето на црквата.

Единствен храм во РСМ што му е посветен на свети Јован Владимир е во Подгорци. Секоја година на 4 јуни во храмот се одржува богослужба во чест на светиот маченик Јован Владимир. Црквата е изградена 1924 г, а осветена 1925 г.  На 4 јуни 2024 година, по утринската богослужба се изврши преосветување на црквата од страна на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Дебарско – кичевската епархија г. Тимотеј.

Се изврши примопредавање на кумството помеѓу стариот и новиот кум. Прославата заврши со богата културно –  уметничка програма.

Главен донатор е м-р Владо Пупиноски, а одговорен за работите д-р Дарко Стрезоски, целосно фрескоживописување е од зографот Тони Милцов, а за сите останати заслужни личности е објавено во книгата.

По смртта на царот Самоил, на царскиот престол дошол неговиот син Гаврил Радомир. Брзо бил убиен од неговиот братучед Гаврил Владимир. Плашејќи се дека Јован Владимир има право на наследство преку својата сопруга, Гаврил Владимир одлучил на подмолен начин да го убие и да владее сам. За таа цел го искористил Охридскиот архиепископ Давид, кој испратил пратеници да го поканат да дојде на мировен разговор со Гаврил Владимир. Овој благочестив владетел поверувал на оваа покана и одговорил на повикот, но наместо да се разговара, злобниот и подмолен владетел испратил веднаш џелати да го убијат. Оваа праведна душа била убиена во 1016 год., а неговата сопруга Косара го однела во Дукља и го погребала во еден од неговите храмови, а и самата продолжила да живее покрај храмот во пост и молитва. Неговите свети мошти подоцна се пренесени во еден манастир во близина на Елбасан, Албанија, посветен на св. Јован Владимир. Дел од моштите во 1925 година се донесени во манастирот „Св. Наум“ во Охрид, каде што била изградена капела посветена на св. Јован Владимир под камбанаријата. Оваа камбанарија е срушена, а денеска моштите се наоѓаат во храмот „Св. Никола Геракомија“ во Охрид.

Авторот Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ од Охрид

Публицитет.мк

Посетеност: 425
Share
Previous Post

Мојсова-Чепишевска: Магичниот збор на Петре М. Андреевски ја смени свеста за книжевноста кај македонскиот читател

Next Post

Ново: „Да Лори“ нова куќа на италијанските специјалитети во Охрид

Next Post
Ново:  „Да Лори“ нова куќа на италијанските специјалитети во Охрид

Ново: „Да Лори“ нова куќа на италијанските специјалитети во Охрид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 425

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk