• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Новогодишен концерт на „Охридско лето“ со делата на Штраус, Брамс, Калман…

декември 15, 2023
in Култура
Новогодишен концерт на „Охридско лето“  со делата на Штраус, Брамс, Калман…

Новогодишен концерт на Оркестарот под покровителство на „Охридско лето“, ќе се одржи на 16 декември со почеток од  20 часот во салата „Билјана“ во хотелот „Метропол“ во Охрид.  Под диригенската палка на Бисера Чадловска, ќе бидат  изведени дела на Штраус, Брамс, Калман…

Мешовитиот камерен состав под покровителство на НУ „Охридско лето“   за првпат ќе приреди одбрани класични композици кои ќе го збогатат новогодишниот амбиент за охридската публика за несекојдневно уживање.

Од „Охридско лето“ велат дека ваквата новина, со проширување на програмата и надвор од традиционалната рамка, 12 јули-20 август, е на радост на публиката.

Според директорката на Фестивалот, Наташа Поповиќ, „Охридско лето“ како најголема и најзначајна музичко-сценска манифестација кај нас создава можности за уживање на љубителите на врвната уметност преку настани кои пред сѐ ја збогатуваат културната понуда на градот во текот на целата година.

 „Реализирањето на настани преку цела година, едно вакво континуирано делување со програмски содржини, се покажа како потреба. Со тоа успеваме да ја збогатиме културната понуда на градот но исто така ги реализираме зацртаните цели, Фестивалот да ја прошири фестивалската програма и во текот на целата година“, вели Поповиќ.

 Билетите по 300 денари можат да се набават во Дирекцијата на Фестивалот.

Публицитет.мк 

Посетеност: 151
Share
Previous Post

Директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ, избрана за Жена на годината од областа на културата

Next Post

Во чест на Прличев – Конкурс за избор на најдобра беседа на тема: Како против пизмата?

Next Post
Во чест на Прличев – Конкурс за избор на најдобра беседа на тема: Како против пизмата?

Во чест на Прличев - Конкурс за избор на најдобра беседа на тема: Како против пизмата?

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 151

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk