• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, јули 5, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид распишува конкурс за најдобра беседа на тема: „Чувај се себеси“

декември 12, 2024
in Култура
НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид распишува конкурс за најдобра беседа на тема: „Чувај се себеси“

Во пресрет на манифестацијата „Прличеви беседи“ 2025 година НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид распишува Конкурс за избор на најдобра беседа посветена на нашиот патрон, големиот поет и преродбеник Григор Прличев на тема: „Чувај се себеси“.

Познато е и од неговата „Автобиографија“ дека Прличев најчесто држел беседи пред охриѓани. Токму под наслов „Чувај се себеси“ Прличев на крајот од една учебна година кога учителствувал во Охрид ја кажал оваа беседа, а подоцна во 1866 година ја објавил во весник.

Текстот е особено интересен по тоа што во него Прличев, којшто инаку се застапувал за архаизиран литературен јазик, обраќајќи се кон своите сограѓани се служи со чист охридски говор. Од него можат да се извлечат повеќе корисни податоци за изучувањето на градскиот охридски говор во минатиот век.

Содржината на беседата можете да ја побарате преку прилогот објавен на нашата веб страница. Следи линк:

Беседа на Григор Прличев „ Чувај се себеси“

Со конкурсот кој го распишуваме трета година по ред сакаме  да го поттикнеме творештвото на младите луѓе да пишуваат креативно и да го збогатат својот израз.


ПРОПОЗИЦИИ:

На Конкурсот можат да се пријават  млади автори од 15 до 30 годишна возраст.

Беседата „Чувај се себеси“ не смее да биде поголема од 3000 зборови и треба да е напишана во фонтот ariel 12.

Беседата не смее да содржи  политичка, етничка и верска содржина,  туку треба да носи универзална порака за мир, љубов, соработка и претходно да не е публикувана.

Комисијата ќе ја оценува нивната уметничка, јазична и естетско – етичка содржина. Беседите до Комисијата се испраќаат исклучиво под шифра во печатена форма во три примероци до НУ Библиотека „Григор Прличев“ ул. „Македонски Просветители“ бр. 2 Охрид, 6000

На авторот на најдобрата беседа кој со посeбeн примерок ќе го докаже авторството ќе му биде доделена парична награда од 9000 денари и  признание со ликот на Прличев а ќе му бидат врачени на манифестацијата „Прличеви беседи“ во  февруари, 2025 во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид.

Конкурсот е отворен до 15 јануари, 2025 година.

Шифрата на наградената Беседа ќе биде објавена најдоцна до 22 јануари, 2025 на веб страницата на Библиотеката и преку медиумите.

НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

Публицитет.мк

Посетеност: 244
Share
Previous Post

„Зимска бајка“, спектакл за сите што веруваат во чуда

Next Post

Ретка убавина и богатство презентирано на изложба на пафти, токи колани – украси за појас од етнолошката ризница на Охридскиот музеј

Next Post
Ретка убавина и богатство презентирано на изложба на пафти, токи колани – украси за појас од етнолошката ризница на Охридскиот музеј

Ретка убавина и богатство презентирано на изложба на пафти, токи колани – украси за појас од етнолошката ризница на Охридскиот музеј

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 244

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk