Речиси три часа телефоните беа оставени настрана, а вниманието, љубопитноста и срцата беа вплетени во “киска” , “колан” и “риза” .
Фолклорна работилница на младите членови на КУД “ГЕРДАН ОД БИСЕРИ”, со искрена благодарност до баба Велика за трпението, знаењето, пренесување на занаетот и живиот пример, како се чува традицијата.

Таа им покажа на младите како се подготвувала носијата од село Јабланица кај Струга и им раскажа низа анегдоти кои се случувале во селото и како убавите девојки ги воделе ората и пееле на сред село за време на верските празници.

Сето ова се случува благодарение на вљубената во фолклорот и колекционер на носии ( досега ги има нешто над 20 ) Татјана Узуновска – Треневска, уметнички раководител на „Гердан од бисери“.

Колку што ритуалот на изработка е долг исто така потребен е над еден час сета носија да заличи на моминската става.
Честитки за ретките чувари на фолклорот и традицијата кај нас.
Публицитет.мк








