• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, август 15, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Отворено 14 . „На зајдисонце“ во Трпејца

јули 21, 2025
in Актуелно
Отворено 14 . „На зајдисонце“ во Трпејца

Синоќа во Трпејца на свечен начин беше отворена културно – забавната манифестација „На зајдисонце“.

Во име на покровителот на манифестацијата Општина Охрид 14.издание на зајдисонцето го отвори советничката Александра Настоска – Николоска која рече: 

-Вечерва сме собрани на едно од најубавите места на Охридското Езеро, во срцето на Трпејца, за да ја прославиме убавината на природата и духот на нашата заедница преку манифестацијата „ На зајдисонце“.

Трпејца, со својата исконска убавина, мир и топлина, отсекогаш била инспирација за уметниците, поетите и сите оние кои бараат спокој и поврзаност со природата. Погледнете околу себе – секој камен, секое дрво, секој бран на езерото раскажуваат приказна. А вечерва, додека сонцето почнува нежно да се спушта кон хоризонтот, ќе бидеме сведоци на магичен спектакл што само природата може да го создаде.

Оваа манифестација не е само прослава на зајдисонцето како природен феномен, туку и симбол на нашата благодарност кон животот, кон убавината што не опкружува и кон заедницата што не спојува.

„На зајдисонце во Трпејца“ полека но сигурно прераснува во прекрасна традиција, која не потсетува на вредноста на убавината, мирот и заедништвото, рече Настоска – Николоска.

Следеше видео изложбата на фотографии од бројните членови на Фото клубот „Охрид“ насловена „Убавина на дофат“. Пред публиката за повеќе деценискиот ангажман на генерации фотографи говореа актуелниот претседател на клубот Димче Коруноски и уште неколку присутни членови.

Вечерта беше заокружена со музичкиот перформанс на познатиот саксафонист Горан Папаз кој добро „легна“ на медитеранскиот штимунг и дух на Трпејца.

Вечерва, на отворената сцена кај Бунарот од 20.30 часот следи промоцијата на книгата „Париска сложувалка“ од младата Анастасија Ристеска од Трпејца напишана на англиски јазик а во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид. Промотор ќе биде д-р Габриела Неделкоска.

Утревечер во истиот термин гостува режисер и сценарист Антонио Вељаноски кој живее и твори на релацијата Охрид – Прага.

Публиката ќе моќе да го види неговиот филм „И(С)ЗГУБЕНИ“ кој зборува за осаменоста, надежта и љубовта. Кога осамениот пензиониран лингвист Рудолф (77), оди во пошта, по пат е следен од едно куче од кое не може да се ослободи. Ова ќе доведе до целосна и неочекувана промена во неговиот живот.

Главните улоги ги толкуваат Јан Качер и Марие Дурнова, ко-сценарист на филмот е Алице Крајчирова, директор на фотографија е Владимир Димоски, музиката е на Игор Василев – Новоградска а продуценти на филмот се Елена Станишева и Зоран Вељаноски – Летра.

Филмот досега е прикажан и наградуван на неколку значајни фестивали ни светот.

Публицитет.мк

Посетеност: 870
Share
Previous Post

Промовирана дебитантска книга „Берлин, градот што не го засакав на прва“ од Енис Хилми

Next Post

The Parisian Puzzle Париска сложувалка прв роман на Анастасија Ристеска

Next Post
The Parisian  Puzzle Париска сложувалка прв роман на Анастасија Ристеска

The Parisian Puzzle Париска сложувалка прв роман на Анастасија Ристеска

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 870

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk