Во организација на една од највлијателните радио телевизиски куќи FOCUS TV во хотелот Hyatt regency во Белград деновиве се одржа четвртото издание на престижната манифестација „Најуспешни дами и брендови во 2024 “.

Со седумгодишно искуство во светот на убавината, Елеонора не е само шминкерка, туку и креатор на магични трансформации. Нејзината страст и талент се неисцрпни извори на инспирација, а нејзината работа ја отсликува љубовта кон деталите и совршенството. Таа ја поттикнува самодовербата и индивидуалноста кај нејзините клиенти страст која инспирираше бројни клиенти да се чувствуваат самоуверено и убаво.

Со тоа нашата Елеонора Лабоска заслужено блесна на овој натпревар среде српската престолнина собирајќи комплименти и аплаузи за нејзиниот ангажман во светот на убавината.
Публицитет.мк