Пред неколку минути на You tube беше поставен последниот проект на познатиот Кристијан Љушев кој трагично го загуби животот неодамна.
Се работи за видео спотот за песната „Жена убава“ во изведба на Броз & Марама и Емилија Маринова. Тројцата напишаа: Кристијан , другар нашиот последен проект го споделуваме во чест твоја. Ти благодариме за се’ што направи за нас. Нема збогум, нема чао секогаш беше, си и ќе бидеш дел од нас.
Текст за песната е на Владимир Сарафилоски, музика Ѓорѓија Пирузе а аранжер е Јовица Каралиевски.
Публицитет.мк








