• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, август 25, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Почина Митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј

декември 14, 2024
in Актуелно
Почина Митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј

На 73 годишна возраст денеска почина митрополитот Дебарско-кичевски  г. Тимотеј.

Владиката Тимотеј починал во болница во Скопје каде што бил хоспитализиран пред неколку денови поради проблеми со срцето.

Тој е роден во 1951 година во Младо Нагоричане, кумановско, со световно име Славе Јовановски. Со Дебарско-кичевската епархија раководи од 1995 година. За архиереј на МПЦ-ОА е избран во 1981 година.

Со длабока тага во срцата и со смирение пред волјата Божја, Свештена Бигорската Обител ја доби веста за упокојувањето во Господа на нашиот сакан и возљубен Митрополит дедо Тимотеј, објави Бигорскиот манастир.

-Целото братство на Бигорскиот манастир, на чело со нашиот Старец и Игумен, Епископот Антаниски г. Партениј, со синовска љубов изразува искрено сочувство до целото свештенство, монаштво и верниот народ на Епархијата, како и до сите кои го познаваа и го љубеа нашиот Митрополит. Молитвите кон Господа во нашите срца сега се насочени за упокојување на неговата душа во вечните дворови на праведниците. Добриот наш Бог нека го удостои со Царството Небесно и со учество во вечната радост на светлината Христова. Вечен спомен и добар Ти Рај, сакан наш архипастиру, стои во објавата.

Со љубов, молитви и вечна благодарност „те испраќаат во Христовите прегратки Твоите духовни синови и внуци, твоите монаси и монахињи од Бигорски, Рајчица, Пречиста и Кнежино“, се наведува во објавата.

Се нагласува дека Митрополитот Тимотеј ќе остане запаметен како монахољубив пастир, со чиј благослов и пастирска слобода и грижа се возобнови и зацврсти монаштвото во нашата богочувана епархија. Неговата љубов кон монаштвото и кон црковниот клир, човечноста и расудувањето што ги пројавуваше во секоја клучна ситуација, беа вистински сведоштва на неговата духовна зрелост и вдахновена мудрост.

Публицитет.мк

Посетеност: 145
Share
Previous Post

Галебите – фото: Мирко Вујисиќ

Next Post

Живка Ангелоска стана член на Извршниот одбор на СДСМ

Next Post
Живка Ангелоска стана член на Извршниот одбор на СДСМ

Живка Ангелоска стана член на Извршниот одбор на СДСМ

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 145

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk