• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, јули 1, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Почина Силвија Мојсовска, професорка по македонски јазик и поранешна директорка на ООУ „Григор Прличев“ во Охрид

мај 21, 2025
in Актуелно
Почина Силвија Мојсовска, професорка  по македонски јазик и поранешна директорка на ООУ „Григор Прличев“ во Охрид

Денеска во Охрид на 60 годишна возраст почина Силвија Мојсовска професорка по македонски јазик и поранешна директорка на ООУ „Григор Прличев“ во Охрид. Посмртните останки ќе бидат изложени утре од 12.00 до 12.30 часот во капелата на Градските гробишта по што ќе биде и погребана. По повод смртта на својата колешка Силвија – Силва Мојсовска денеска се огласија и од нејзиното матично училиште а на социјалните мрежи од неа се простуваат многу нејзини пријатели, соработници, колеги и ученици.

Со длабока жал и болка соопштуваме дека денес нашето училишно семејство го напушти Силвија Мојсовска – наставник по македонски јазик и книжевност… наставничката Силва, нашата драга Силва.

Повеќе од 20тина години од својот работен век Силвија ги помина како наставник по македонски јазик во нашето училиште, посветувајќи се пред се’ на втемелување љубов на децата кон својот мајчин јазик, но и доследен поддржувач на модерните теркови на настава и воспитно – образовниот процес.

Силвија својата амбиција и желба за работа ги преточуваше во многу дела кои често ги китеа нашите претстави и програми, дела кои остануваат да сведочат за нејзината оргиналност.

Своевремено повеќе години беше и директор на нашето училиште. Наставниците сведочат за нејзината љубезност, срдечност и трпеливост секогаш да ислуша, но и за нејзината духовитост која беше мотив и ветер во грб на сите.

Нашата Силва вечно ќе ја паметиме по нејзината ведрина и колегијалност.

Изразуваме искрено и длабоко сочувство до семејството, стои во објавата на социјалните мрежи од ООУ „Григор Прличев“ од Охрид.

Публицитет.мк

Посетеност: 425
Share
Previous Post

Капките не го длабат каменот со сила, туку со упорност

Next Post

Довербата е како стакло. Ако еднаш го скршиш, никогаш повеќе нема да биде исто.

Next Post
Животот е круг. Се’ се враќа , се’ се плаќа

Довербата е како стакло. Ако еднаш го скршиш, никогаш повеќе нема да биде исто.

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 425

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk